7.5 C
Ohrid
недела, мај 18, 2025
ПочетнаМакедонијаРочиште за модуларната болница – обвинетите не признаваат вина

Рочиште за модуларната болница – обвинетите не признаваат вина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По четири обиди денеска конечно почна судското рочиште за модуларната болница во Тетово.

<

Обвинетите се изјаснија за невини и изјавија дека нивната невиност ќе се докаже до крајот на процесот.

Поранешниот директор на болницата Фљорин Бесими во писмена изјава за ТВ21 вели дека овој почеток на процесот е важен за него бидејќи, како што вели, значи можност да ја докаже својата невиност во врска со трагичниот случај!

Два часа по почетокот на судењето, продолжението на главната седница беше одложено за 27 декември во 10:00 часот.

До откажување дојде поради несогласувањето на одбраната во врска со изведувањето докази од страна на Обвинителството. Бараат обвинителот да ги прочита сите докази, наместо да ги наведува само насловите.

Истовремено, имаше и забелешки дека некои од насловите не се вклучени во списокот на докази што обвинителот ги доставил до Судот.

Инаку, Обвинителството на 27 јули поднесе обвинителен акт, откако десет месеци водеше истрага во која стручни анализи и вештачења вршеа МВР, Техничкиот факултет, електроинженери и истражни експерти од германската федерална Полицијата за криминалистика. Во октомври 2021 година, по вештачењето на МВР, обвинителството информираше дека пожарот во модуларната болница бил предизвикан од изгорен кабел, на кој биле приклучени апаратот за реанимација-дефибрилатор, полначот за мобилен телефон и уште еден уред.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од Скопје до Солун ќе се стига за 1 час и 30 минути.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски потенцира дека Договорот за стратешко партнерство значи дека нашите односи се на највисоко можно ниво, што ќе...

Тошковски: Ги јакнеме капацитетите за одржлив систем за управување со кризи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со амбасадорот на Република Австрија, г. Мартин Памер, денеска во рамки на работна посета на Охрид, присуствуваа...

69-годишен маж од Свети Николе со воздушна пушка пукал во деца кои береле цреши од неговиот двор

На 16.05.2025 во 14.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.И.(69) од Свети Николе. Тој претходно од...

Жена возач сруши семафор кај Сити Мол.

На булеварот Партизански одреди пред трговскиот центар Сити мол во Скопје попладнето се случи една невообичаена сообраќајна незгода. Автомобил марка „рено“ со скопски регистарски...