17.9 C
Ohrid
петок, јули 25, 2025
ПочетнаСветОва е Зен, кучето кое загина од петарди- Доживеало застој на срцето

Ова е Зен, кучето кое загина од петарди- Доживеало застој на срцето

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кучето Зен почина синоќа во Осиек, од застој на срцето поради страв од петарди. Здружението С-ПАС, кое се грижело за несреќното куче, утринава на својата фејсбук-страница објави дека Зен доживеал срцев удар поради петардите во текот на синоќешната прослава на Новата година.

<

„Не ми се верува дека ова е првата објава што ја објавуваме во новата година. Кој и да си, твоето викање, пукање, болно фрлање петарди часови пред и по полноќ одзеде еден живот. Почна со треперење и кочење, тресење, а заврши со застој на срцето кај ветеринарот. Благодарност до ветеринарите од Осиек што се обидоа да го вратат во живот“, беше објавено на веб-страницата на здружението.

„Скршени сме, поради проклетото пукање, поради малку болна забава, смртно одзедовте еден живот. За кој знаеме. Којзнае колкумина надвор загинаа само од страв“, додале во објавата на Фејсбук.

Човекот кој го чувал кучето се обидел да му помогне, како и ветеринарот кога пристигнале во Брзата помош, но немало начин да го спасат.

Оваа тажна ситуација ја потврдила и Глорија Малин, основач на здружението, која ја повикал човекот кој го чувал Зен, бидејќи не знаел повеќе како да му помогне, пишува хрватски „Јутарњи“. Кога почнало пукањето, кучето не сакало да излезе надвор да изврши нужда ниту да јаде, само се сокрило во кутијата и се тресело.

Неговата состојба со текот на времето само се влошувала, а кога јазикот му посинел и зениците му се рашириле, веднаш го однеле кај ветеринар, но само што пристигнале на паркингот на ветеринарската амбуланта, срцето на Зен престанало да чука.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЦУК: Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години,...

Потрагата по 34-годишната Биљана од Прилеп заврши со среќен крај.

Андоноска заврши среќно – таа е пронајдена жива. “Ви благодарам на секоја помош, Биљана е пронајдена, жива е”, напиша пред малку нејзината сестра на социјалните...

Селото Куратица по 21-ви пат подготвено за дружење со своите блиски роднини и пријатели …

Голем број на иселеници жителите и голем број на пријатели на Куратица повторно ќе имаат можност на блиска средба со своите, во родното огниште....

На 71-годишна возраст почина легендарниот борач Халк Хоган

Халк Хоган, една од најголемите ѕвезди во историјата на професионалниот кеч и човекот кој ја претвори Светската федерација за кеч (World Wrestling Entertainment) во...