15.9 C
Ohrid
сабота, мај 18, 2024
ПочетнаСветСлепо 11-годишно девојче истрча маратон следејќи го гласот на мајка си

Слепо 11-годишно девојче истрча маратон следејќи го гласот на мајка си

Понекогаш победата воопшто не е важна. Таков е случајот со 11-годишната Вакана Уеда, која и покрај тоа што е слепа, успеа да го заврши маратонот во Хонолулу.

На упорното девојче му беа потребни 14 часа, 3 минути и 12 секунди за да стигне до целта и да ја скине лентата украсена со цвеќиња. Вакана во текот на целата трка го следела гласот на мајка си која ја водела кон целта.

Вакана УедаВакана Уеда со својата мајка

„Пред ознаката за половина маратон, таа имаше грчеви во ногата и многупати размислуваше да се откаже. Но, затоа што нејзиниот тим ја поддржуваше, таа успеа да го заврши маратонот“ – изјавила нејзината мајка.

Вакана УедаВакана во прегратката на мајка си

Оваа трка е петтиот по големина маратон кој се одржува во САД, а Вакана беше меѓу 19-те илјади луѓе кои успеаја да ја преминат целта. Иако оние кои први ја завршија трката долга 42 километри беа веќе заминати кога Вакана ја премина целта, самото нејзино завршување е голема инспиративна победа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Незаконски се гради нов стадион во Тетово, имотот е на државата, а не на општината

Одлуката која што ја донел Советот на Општина Тетово во септември минатата година, со која тетовскиот градски стадион го доделил на трајно користење на...

Данела пак го искара Талат: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

Кавгата на релација технички премиер Талат Џафери-скопска градоначалничка Данела Арсовска продолжува. Причина е тревата, која се уште не е искосена. Арсовска напиша: “ВД Премиерот Талат...

Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата, во спротивно ќе има проблеми во односите и со Грција...

Сакам уште еднаш да испратам порака со предупредување до новата Влада, да ја смени позицијата и да го користи само името Северна Македонија во...

Полициски службеник фатен со над 10.000 евра мито, се испитува кај кого требало да завршат парите

Овластено службено лице, вработена како Виш аналитичар во скопска полициска станица е лишено од слобода под сомнение за сторено кривично дело измама со обележани...