12.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаШЕКЕРИНСКА: РАСТАТ ПЛАТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, КОНЕЧНО НАРОДОТ ЈА ОСЕТИ ФИНАНСИСКАТА РАЗЛИКА

ШЕКЕРИНСКА: РАСТАТ ПЛАТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, КОНЕЧНО НАРОДОТ ЈА ОСЕТИ ФИНАНСИСКАТА РАЗЛИКА

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Заменик претседателката, Радмила Шекеринска, денеска одржа работен состанок со
претседателите на Комисиите на СДСМ.
– За само две години од преземањето на мандатот клучните столбови и мерки од програмата
на СДСМ се реализирани.
Иднината и стабилноста на земјата се обезбедени, на вистинскиот пат сме, кон ЕУ и НАТО,
економијата е силна и создава шанса за сите, се повеќе пари завршуваат назад кај
граѓаните, се гради на секој чекор, низ цела држава. Концептот парите кај граѓаните дава
одличен резултат. Порасна минималната плата, работиме на ново покачување, го вреднуваме
трудот на работниците со нови мерки за стимулирање на раст на платите, рече таа.
Со мерката за поврат на ДДВ 50 милиони евра годишно се враќаат кај граѓаните.
Социјалната помош ја покачивме за 300%, за земјоделците обезбедвме зелена нафта
поефтина за 30%, ДДВ-то за парно се намали од 18% на 5%, ја вративме ефтината тарифа
на струјата.
– Со низа на мерки парите ги насочуваме кај граѓаните, за семејствата да имаат поголем
буџет. Со ребалансот на Буџетот кој утре влегува во собраниска процедура воведуваме нови
мерки и обезбедуваме повеќе средства за раст на платите, како што е мерката за
субвенционирање на трошоците за социјално осигурување за фирмите кои ќе ги зголемат
платите на своите работници, до 6.000 денари. Ги укинуваме квотите за лекови,
обезбедуваме доволно лекови за сите во секое време, дигитални услуги, бесплатни обуки за
преквалификација на работната сила, и се разбира, судство ослободено од партиски
притисоци, правда и одговорност за секого. Како носечки дел во креирањето на политиките
Комисиите на СДСМ продолжуваат со подговотки на нови мерки и политики за подобрување
на животот на сите граѓани, вели таа.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...