20.2 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедoнски студенти во Сеул освоија златен медал за иновација - велосипед што...

Македoнски студенти во Сеул освоија златен медал за иновација – велосипед што чисти воздух

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонски студенти освоија златен медал на меѓународната изложба во Сеул, во Јужна Кореја, со пронајдокот на велосипед со тркало кое го чисти воздухот.

<

Пронајдокот „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“ кој е остварен од страна на нашите студенти: Ина Крстевска, Филип Попоски, Марко Насески, Мартин Спасовски, Игор Џамбаски и Александар Јанковиќ освои златен медал на меѓународната изложба „KIWIE 2019“ одржана во Сеул, Јужна Кореја“, објавија на Фејсбук од Машинскиот факултет во Скопје.

Пронајдокот „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“ е остварен заедно со вонредниот професор д-р Иле Мирчески и дип. маш. инж. Тошко Ристов. Меѓународната изложба  „KIWIE 2019“ се одржа во организација на Корејската асоцијација за жени пронајдувачи KWIA и со поддршка од Корејскиот завод за интелектуална сопственост KIPO и светската организација за интелектуална сопственост WIPO.

Пронајдокот на македонските студенти доби Златен медал од Меѓународната комисија составена од експерти во дадената област, Златен медал со диплома од Асоцијацијата за промоција на пронајдоци и иновации од Индонезија, Диплома за најдобар пронајдок од страна на Центар за Жени иноватори на Узбекистан.

Станува збор за велосипед на батерии кој има вградено проактивни филтри. Тие ги заробуваат штетните честички со самото ротирање на тркалата. Ова треба да биде еден чекор плус во креирањето на нов еколошки систем на градскиот транспорт.

„Целиот систем за прочистување на воздухот ќе биде составен од филтер материјал кој што ќе биде вграден во држачите, тоа се портокаловите делови. Со самата ротација на тркалото ќе се прима воздухот и ќе се задржуваат некои честички, ќе се отпушта воздухот така што на тој начин ќе се прочистува воздухот,“ велат студентите.

Идејата е велосипедите да бидат поставени на неколку станици низ градот. На корисникот ќе му биде достапна картичка со која ќе може да го користи велосипедот. Цената на изнајмувањето ќе зависи од тоа колку километри се извозени и во која зона од градот. На станиците ќе бидат поставени и полначите за велосипедите.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...