23.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски прашува: Што чекаат, да дојде 4 февруари, па да се случат...

Мицкоски прашува: Што чекаат, да дојде 4 февруари, па да се случат инциденти?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во коментар на последните случувања со Бугарија денеска изјави дека предупредувале на ваквите случувања, како резултат на отстапките што ги направила нашата Влада. Другата страна, според него, влегува во т.н. конфликт, кој тој би го ставил на ниво на студена војна. Згрозен сум, вели Мицкоски, и очекува што е можно поскоро да се одржат предвремени парламентарни избори.

<

-Ова што го гледам е нешто на кое предупредувавме дека ќе се случува. Она што вознемирува е фактот дека оваа Влада и покрај сите отстапки и покрај се што беше побарано од неа, практично се отстапи, се потпиша, во интерес на зачувување на своите лични фотелји, гледаме дека другата страна влегува во еден т.н. конфликт кој би го ставил на ниво на студена војна, бидејќи колку што разбрав амбасадорот на нашиот источен сосед не е во државава, односно го задржале таму и не е дојден тука каде треба да ја извршува својата амбасадорска позиција, а тоа властите во Софија го правдаат како револт поради оној настан кој се случил во Охрид, изјави Мицкоски.

Според него ова се случува бидејќи едната страна само попуштала, а другата, односно Бугарија практично добива се и смета дека е нејзино природно право да добие се што ќе побара.

– На тоа предупредувавме, но за жал имаме политички аналфабети, криминалци и корумпирани политичари, кои буквално за да ги задржат своите позиции и да добијат уште некој тендер во четири очи се подготвени се да проголтаат, но на товар на македонскиот народ, идентитет и граѓани. Гледате дека тие функционионираат како аналитичари, и Владата и Стево Пендаровски, седат и прават анализа, па ќе го слушенете Пендаровски дека ова е некаков заговор, некави тајни служби, надворешни влијанија и фактори за дестабилизација на Македонија, а притоа ниту едните ниту другите по состанокот не излегоа да кажат кои се тие странски служби и фактори на влијание и луѓе кои сакаат да ја дестабилизираат државата, рече Мицкоски.

Тој истакна дека најпрво се излегло со тезата за прогласување персона нон грата, а потоа се повлекле.

– Што чекаат? Да дојде 4 февруари, па да се случат инциденти, па тие луѓе да предизвикаат и да провоцираат од маргинални политичари. Од буквално естрадни политичари претворија сега политички тешкаши со овие пинг-понг изјави коишто се случија сега во јавноста. Овој Џамбаз како се викаше овој европскиот политичар, како му беше презимето од што не знае што да направи повеќе буквално како циркузант во естрада се однесува за да добие некој политички поен повеќе на темата – Мрази ги и навредувај ги Македонците, мрази ја Македонија итн. Со тоа не направија буквално ништо, рече Мицкоски. ФОКУС

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното однесување на албанските хулигани кои...

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...

Не дочека да се израдува на оваа вест: Сопругата на Игор Југ на свет донесе здраво машко дете

Во сенка на голема лична и семејна трагедија, семејството на уставобранителот Игор Југ, кој почина откако беше осуден за настаните од 27 април, доби...