13.9 C
Ohrid
петок, август 1, 2025
ПочетнаМакедонијаУште еден Бугарин ќе го јаде дебело: МВР нема да ги премолчи...

Уште еден Бугарин ќе го јаде дебело: МВР нема да ги премолчи заканите кон полицискиот службеник !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонската полиција во координација со јавен обвинител ќе ги преземе сите мерки во врска со заканите и омаловажувањата на претседателот на бугарската фондација „Македонија“ Виктор Стојанов.

<

Македонската полиција во координација со јавен обвинител ќе ги преземе сите мерки во врска со заканите и омаловажувањата на претседателот на бугарската фондација „Македонија“ Виктор Стојанов, кој синоќа преку Фејсбук нудеше 200 евра за тој што ќе му каже како се вика и презива еден од македонските полицајци на граничниот премин „Деве Баир“, кој го имаше заокружено на фотографија. Стојанов веќе има забрана за влез во Македонија, а тој вчера на границата самиот го снимаше инцидентот со навредите кон македонските полицајци револтирани од застојот на граничниот премин..

„ Го продадовте името на државата на Грција за две стотинки. Каде ви е Јужната Македонија … Засрамете се …“

Инаку , на тројцата бугарски државјани, меѓу кои е и бугарскиот пратеник Ангел Георгиев, кои синоќа направија инцидент и беа приведени на граничниот премин „Деве Баир“, судот во Крива Паланка им изрече забрана за влез во Македонија во наредните три години и казна од 300 евра. Од МВР соопштија дека тие вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства.

Министерот за внатрешни работи Спасовски им оддаде признание за професионализмот и посветеноста на полицајците кои работеа за време на вчерашното чествување на роденденот македонскиот револуционер Гоце Делчев. Тој вели дека македонската полиција на висина на задачата успешно го спроведе овој настан од највисок безбедносен степен – еклатантен пример за тоа како постапува полиција од европски ранг.

Инаку, откако синоќа околу 21 часот бил каменуван македонскиот културен клуб во Благоевград „Никола Вапцаров“ од ОМО Илинден Пирин побараа бугарските власти да ги откријат сторителите и да го истражи случајот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...

Светски гигант од рангот на „Гугл“ и „Фејсбук“ ќе купува струја од Македонија, најави Мицкоски

Можеби некој не успеа да ги донесе „Гугл“ и „Фејсбук“, но многу веројатно еден голем светски бренд ќе купува електрична енергија поризведена во Македонија,...

Трајно одземање на возилата за пијани и дрогирани возачи кои дивеат низ улиците

Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, на најнеодговорните учесници во сообраќајот – како што се лицата кои возат без...

Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје.

Попладнево ококу 16 часот се случи тешка сообраќајна несреќа на автопатот од Тетово кон Скопје во која животите ги загубија три лица. Според првичните информации...