27.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонијаОсум пожарникари од Струмица заминуваат да помогнат на настраданите од земјотресот во...

Осум пожарникари од Струмица заминуваат да помогнат на настраданите од земјотресот во Турција

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Осум пожарникари од ТППЕ Струмица ќе заминат во спасувачка мисија во подрачјето погодено од силниот земјотрес во Турција. Тие ќе бидат во состав на тимот за пребарување и спасување од урнатини (USAR тим), кој е во состав на Републичките сили за заштита и спасување при Владата на Република Северна Македонија.

<

Ова го соопшти градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој истакна дека спасувачите ќе им помогнат на настраданите во земјотресот.

Нашите пожарникари се специјално обучени за вакви непогоди и имаат искуство од земјотресот во Албанија, напиша Костадинов.

Додава дека таквите катастрофи само укажуваат на фактот колку е немоќно човештвото пред моќта на природата и нејзините законитости.

Но, во исто време, таквите случувања даваат до знаење колку треба да бидеме хумани и одговорни пред големите предизвици, да бидеме луѓе за луѓето, посочува струмичкиот градоначалник.

Тој на сите граѓани од Турција и Сирија, особено на оние од погодените подрачја од земјотресот, им изрази најдлабоко сочувство за големите човечки и материјални загуби.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска училишниот прибор со нови намалени цени од 10 и 15 проценти

Од денес почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. Имајќи предвид дека дел од трговците прес...

Шофер во Здравствен дом Берово уапсен – Во службено возило пронајдена дрога

Лишен од слобода возач вработен во ЈЗУ „Здравствен дом“- Берово, кај него е пронајдена дрога На 14.08.2025 околу 22 часот на ул. „Браќа Миладинови" во...

Претепан српски пратеник во Белград!

Партијата за слобода и правда објави на социјалната мрежа X дека нејзиниот пратеник Пеѓа Митровиќ бил претепан на протест во Белград. „Шефот на пратеникот на...

Трипуновски: Прв пат слушам дека нема доволно јајца во маркетите

Во однос на информацијата што ја објавија некои медиуми, дека во маркетите нема доволно домашни јајца, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски...