15.9 C
Ohrid
недела, мај 19, 2024
ПочетнаМакедонијаКој живее во стан изграден од 2014 навака, мирно да спие, вели...

Кој живее во стан изграден од 2014 навака, мирно да спие, вели Гаревски за опасноста од земјотреси

Градбите кои се изградени во нашата земја по 2014 година се посигурни бидејќи се градат според нови законски одредби кои бараат придржување кон построги правила за градба, и кои се контролирани за отпорност при потреси. Ова го истакна Михаил Гаревски, директор на Институт за сеизмички отпорни гради и климатски промени (ИСОГКП).

Гаревски за Фактор потенцира дека од 2014 година градбите се контролираат од повеќе институции кои се регистрирани во Министерството за образование и наука, меѓу кои се ИСОГКП кои спроведуваат контроли на терен, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) и други слични институции, кои ја проверуваат безбедноста на градбите.

Во Скопје и Македонија не може да се случи земјотрес со магнитуда од 7,8 степени. Најголемата магнитуда е регистрирана во Пехчево-Берово во 1904 година и таа била меѓу 7,2 и 7,4 степени. Сепак, би нагласил дека во нашата земја не се очекува земјотрес со јачина како во Турција – потенцира Гаревски.

Тој за Фактор додава дека по 1999 година се воведени поризгорозни одредби за градење во Турција, но и контроли. Сепак, појаснува дека и понатаму има многу згради кои се изградени пред новите законски измени, односно пред 1999 година, што ги прави ранливи на силни удари, бидејќи начините на градење претходно биле многу „несериозни“.

– Последователни земјотреси во следниот период е очекувано. Афтершоковите ќе продолжат во следните 2-3 месеци, па дури може да траат и 5-6 месеци. Сепак, по главниот удар, не се очекува нов толку силен удар, или близу до него. Веќе имаше некои посилни, во ваква ситуација, очекувано е одреден период да има последователни земјотреси со магнитуда околу 4 степени, па околу три, па два, но може и пак да се зголеми магнитудата и да има земјотрси со силина околу 5 степени, па пак да намалува и постепено да запрат – дополнува Гаревски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...

Сиљановска Давкова назначи нов генерален секретар, познатиот новинар ќе биде негов заменик

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги има првите кадровски решенија за во Вила Водно. Досегашниот генерален секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и...

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид.

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот. -...

Незаконски се гради нов стадион во Тетово, имотот е на државата, а не на општината

Одлуката која што ја донел Советот на Општина Тетово во септември минатата година, со која тетовскиот градски стадион го доделил на трајно користење на...