8.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаПендаровски и 63 вработени кај него сѐ уште немаат плата, од кај...

Пендаровски и 63 вработени кај него сѐ уште немаат плата, од кај Битиќи велат ќе ја добијат до 15-ти.

spot_imgspot_img

Стево Пендаровски по скоро четири години откако е избран за претседател, за првпат остана без плата заедно со неговиот кабинет. Средствата кои вообичаено на сите им се исплаќаат на 1-ви во месецот, сега им доцнат осум дена.

Од Министерството за финансии не се загрижени што Пендаровски, 55 јавни службеници, пет советници и три именувани лица, се уште немаат земено плата. Оттаму посочуваат дека навремено ќе биде исплатена, што би значело дека ќе го запазат рокот до 15-ти во месецот. Kабинетот на претседателот посочува дека се одржувале и состаноци со ресорното министерство.

„Во однос на тоа што може да се направи, Кабинетот достави образложение до Министерството за финансии, одржани се и состаноци меѓу претставници на двете институции и се работи на надминување на пречките за решение на проблемот“, велат од Кабинетот на Пендаровски за „Макфакс“.

Министерството за финансии пак, наместо одговор каде е проблемот што платата не е исплатена како што е вообичаено, на 1-ви во месецот, испратија објаснување дека претседателот со вработените ќе добие пари во законскиот рок.

„Министерството за финансии преку секторот Трезор редовно и навремено ги реализира налозите на буџетските корисници за исплата на плата на вработените, согласно законските прописи. Посочуваме дека процесот на исплата на платите на вработените во јавниот сектор е регулирано и се спроведува врз основа на Законот за буџети и Законот за извршување на буџети, а согласно обезбедени финансиски средства“, посочуваат од ресорното министерство за „Макфакс“.

Последниот состанок помеѓу Кабинетот на Пендаровски и претставници од кај министерот Фатмир Битиќи се одржала вчера. И на таа средба е објаснето дека не се бара исплата на екстра пари од буџетот, туку со веќе заштедени средства треба да им се зголемат платите за 5% на 55 државните службеници. Од Кабинетот на Пендаровски и претходно објаснија дека барањето за јануарската плата е изработено согласно законот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...