7.4 C
Ohrid
среда, април 2, 2025
ПочетнаМакедонијаОхридВо Охрид ќе се отвора канцеларија на УНЕСКО

Во Охрид ќе се отвора канцеларија на УНЕСКО

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, во рамките на официјалната посета на Париз, оствари средба со Ернесто Отоне, помошник-генерален директор на УНЕСКО за култура, и со директорот на Центарот за светско наследство на УНЕСКО, Лазаре Елоунду Асомо.

<

„Во Охрид ќе отвориме канцеларија на УНЕСКО, со што ги потврдуваме нашите заложби за јакнење, управување и промоција во зачувувањето на статусот на Охридскиот Регион“, истакна министерката Костадиновска-Стојчевска.

Во годината кога одбележуваме 30 години од нашето членство во УНЕСКО, на средбата беа поздравени напорите меѓу владите и националните комисии на Република Северна Македонија и на Албанија во однос на имплементација на препораките на УНЕСКО, кои се однесуваат на Охридскиот Регион.

На состанокот Костадиновска-Стојчевска посочи дека Владата останува целосно посветена на успешната имплементација на Конвенцијата за светско наследство и во соработка со сите релевантни државни институции, општини, како и со граѓанското општество, ги интензивира напорите за имплементација на препораките што произлегуваат од одлуките на Комитетот за светско наследство и на реактивните мониторинг-мисии- Јавува МакФах

Министерката за култура информира и дека како заеднички документ со Република Албанија е доставен ажурираниот извештај за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион и напредокот во спроведувањето на препораките од одлуката на Комитетот за светско наследство со стратегискиот план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион (2023 – 2030).

Костадиновска-Стојчевска истакна дека сме свесни за потребата од понатамошни континуирани напори во согласност со препораките за справување со идентификуваните ранливост и закани и изрази надеж дека на 45. сесија на Комитетот за светско наследство, што ќе се одржи во септември во Ријад, Саудиска Арабија, ќе се усвои одлука со која природното и културното наследство на Охридскиот Регион ќе остане на листата на светското наследство.

Министерката за култура му се заблагодари на Центарот за светско наследство за доделената меѓународна помош со средства од Фондот за светско наследство во износ од 55.000 долари за реализација на проект на НУ Завод и Музеј – Охрид, кој е од особена важност за надградба на знаењата и капацитетите на стручните лица што работат во оваа установа.

Во седиштето на УНЕСКО во Париз од 7 до 10 февруари се одржува 16. сесија на Меѓувладиниот комитет за заштита и унапредување на разновидноста на културните изразувања. Имајќи предвид дека нашата држава не е членка на овој Комитет, но е држава членка на Конвенцијата, на состанокот ќе учествува министерката за култура Костадиновска-Стојчевска, која е и претседател на Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија, заедно со Татјана Краљевска-Лазарова, генерален секретар на Националната комисија на УНЕСКО, во својство на набљудувачи.
Извор:MakFax

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сопственик на пекара во Нови Пазар гради зграда за самохрани мајки

Сопственикот на пекарницата „Клас“ во Нови Пазар, Сеад Бихорац, познат е по своите хумани дела. Освен што со години им дели бесплатен леб на оние...

Стерјовски: Ќе бараме да се учи македонски во Албанија

Лидерот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој е кандидат за пратеник на отворената листа на Социјалистичката партија (СП) за...

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%.

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%. Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите...

Поднесена иницијатива за смена на актуелниот претседател Перо Антиќ

Во Кошаркарската федерација на Македонија денес е поднесено барање за Вонредно собрание на кое ќе се гласа за смена на актуелниот претседател, Перо Антиќ. Иницијаторите...