17.9 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаМакедонијаНаставник по албански јазик и предавач по поезија и проза е новиот...

Наставник по албански јазик и предавач по поезија и проза е новиот заменик министер за земјоделство

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Таканаречената реконструкција на неизбраната влада на премиерот Димитар Ковачевски, која вчера се најде во Собранието на Република Македонија, донесе едно непријатно изненадување за сите земјоделци.

<

Имено, за нов заменик-министер за земјоделство е предложена Вјолца Бериша од Алијанса на Албанците, која по професија е професор по Албански јазик и литература и предавач по поезија и проза!

Иако премиерот Ковачевски, бранејќи го влегувањето во владата на Алијанса за Албанците и новите кадри од таа партија, изјави дека донесените одлуки за реконструкција на владиниот кабинет не биле мотивирани од тесно партиски интереси, реалноста е дека крајно нестручен кадар е поставен за заменик министерот во едно од најзначајните министерства.

Во услови кога егзистенцијата на земјоделците е загрозена и потребна е сеопфатна национална стратегија, ваквите некомпетентни кадри потврдуваат дека и старо-новиот владин состав нема капацитет да ги надмине предизвиците од економската и енергетската криза.

Ваквите партиски решенија на Алијанса за Албанците потврдуваат дека нивниот влез во Владата е мотивиран само од поделбата на министерски и директорски места и наместо опозиција на корумпираната ДУИ – јасно е дека оваа партија ќе се претопи под ДУИ и наредни избори ќе биде збришана од полтиичката сцена, пишува во соопштението на Левица.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Повеќе од 150 војници вклучени во гаснењето на пожарите

Над 150 армиски припадници и денес беа вклучени во гаснење на пожарите кои зафатија дел од територијата на државата. Во координација со ЦУК и другите...

Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато

ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА: Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато Денеска (27.07.2025) во 08.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на Куријски пат...

Мицкоски, Деребан и пратеникот Јаулоски во Лабуништа, поддршка и разговори за идни проекти

Премиерот Христијан Мицкоски, заменик-министерот за правда Ален Деребан и пратеникот Јован Јаулоски остварија посета на пријателска Лабуништа. Во срцева атмосфера разговараа со мештаните за...

Нервозен ресенчанец: Го сопреле со неригистрирано возило, па ги викнал пријателите за да ги тепаат полициските службеници !!!

Полициски службеници од ОВР Ресен ги лишиле од слобода Б.Р. (26), У.Р. (53), Б.Ј. (23) и Е.Ј.(23), сите од Ресен, објави 4NEWS.mk Од Секторот за...