0.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаТетовските пожарникари се вратија дома-Велат, населението во Турција е во лоша состојба

Тетовските пожарникари се вратија дома-Велат, населението во Турција е во лоша состојба

spot_img

По една недела активно учество во спасување преживеани и извлекување жртви од урнатините по разорните земјотреси во Турција, пожарникарите од Тетово се вратија дома. Ноќеска се очекува да пристигне во земјава и втората група која беше испратена преку Дирекцијата за заштита и спасување. Спасувачките акции биле тешки, сликите страотни, сведочат членовите на тимот.

ТАМУ СИТУАЦИЈАТА БЕШЕ ХАОТИЧНА, НАСЕЛЕНИЕТО БЕШЕ ВО ЛОША СОСТОЈБА, НИЕ ИЗЛЕГОВМЕ ВО ПРЕСРЕТ НА СИТЕ ТИЕ ШТО ПОБАРАА ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ. ОВА БЕШЕ НАША ВТОРА МИСИЈА ВО ВАКВИ УСЛОВИ, МЕЃУТОА ВО ТУРЦИЈА БЕШЕ ПОИНАКУ, ЦЕЛИОТ ГРАД БЕШЕ УРНАТ И НИ БЕШЕ МНОГУ ТЕШКО ДА СЕ СПРАВИМЕ СО ТАА СИТУЦИЈА, ВЕЛИ АВНИ АМЕТИ, КОМАНДИР НА ТППЕ ТЕТОВО.
Градоначалникот, Биљал Касами, им се заблагодари за хуманоста на 9-темина пожарникари од Тетово, кои заедно со уште толку струмички пожарникари се единствени во државата кои поседуваат лиценца за пребарување и спасување од урнатини. По ваквите катастрофи, стануваме свесни дека потребни ни се повеќе обучени лица и во другите општини, вели Касами.

НА НИВО НА ДРЖАВАТА ТРЕБА ПОВЕЌЕ ЕКИПИ ДА БИДАТ ПОДГОТВЕНИ ЗА ДА МОЖАТ ДА ИНТЕРВЕНИРААТ ВО НЕ ДАЈ БОЖЕ ВАКВИ СИТУАЦИИ, РЕЧЕ КАСАМИ.
По глетката од уништените објекти во Турција се поставува прашањето колку објектите во нашата земја можат да издржат посилни потреси, особено дивоградбите. Дури за 3 000 бесправно изградени објекти Општина Тетово одлучува дали да бидат легализирани, а доколку не ги исполнуваат стандардите ќе се рушат, тврди Касами.

ОД 2010 НАВАМУ ИМАЛО РЕШЕНИЈА ЗА РУШЕЊЕ КОИ НЕ СЕ СПРОВЕДЕНИ. ВО МЕЃУВРЕМЕ ИМАЛО НЕКОЈ ОД ТАКВИТЕ ДИВОГРАДБИ КОИ СЕ ЛЕГАЛИЗИРАНИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА. ОД КОГА ЌЕ ИМАМЕ ЈАСНА СЛИКА ЌЕ ОДИМЕ ПРЕД СОВЕТОТ ЗА ДА ДОНЕСЕМЕ ОДЛУКА ШТО ЌЕ ПРАВИМЕ СО ТАКВИТЕ ДИВОГРАДБИ, ЗАТОА ШТО Е ДОПОЛНИТЕЛНА ОДГОВОРНОСТ МОРАЛНА И МАТЕРИЈАЛНА, МОЈА КАКО ГРАДОНАЧАЛНИК ДА НЕ ДАЈ БОЖЕ СЕ СЛУЧИ ТАКВА СИТУАЦИЈА, ВЕЛИ КАСАМИ.
Во Турција веќе се бараат причините за целосното уништување на неколку десетици илјади објекти, под чии урнатини загинаа над 40 000 граѓани.

Телма

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Високи гости од Турција во посета на општина Охрид

Градоначалникот на турската општина Тосја Кастамону, Волкан Каваклигил во придружба на Шенол Крабалтуоглу од Министерството за образование, денеска...

Не ги издржа стресот и траумата: Почина возачот на ЈСП Февзи Арифи.

Почина Февзи Арифи, возач во ЈСП, кој во јули со автобус удри во жардењера кај ТЦ „Мавровка“. Арифи остана запаметен во јавноста како возач...

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

Насловна / Балкан • Македонија Објавено на: December 23, 2024 На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик t За првпат се случува конференција на...

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...