13.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаМарио Нелоски (18) пораснал без мајка и реди спортски успеси додека се...

Марио Нелоски (18) пораснал без мајка и реди спортски успеси додека се бори со болеста цистична фиброза

Животот не му оставил друг избор на Марио Нелоски (18) освен храбро да се бори за она што го сака.

Роден од мајка борец која починала само 12 дена откако го родила, Марио ѝ пркоси на ретката болест цистична фиброза со своите спортски успеси со кои ја претставува државата во најдобро светло на меѓународната спортска сцена. Сепак, истата таа држава сѐ уште го нема набавено лекот трикафта, кој Марио и останатите пациенти очајно го бараат за да можат да ги реализираат своите соништа- пишува mms.mk

Овој матурант е седумкратен државен првак во џудо, но сонува за уште повеќе освоени победи. ММС веќе пренесе дел од животната приказна на ова момче кое носејќи ги со себе освоените медали се појави на протестот пред Влада заедно со неговиот татко Благоја. Сепак тие двајцата сега подетално раскажаа за нивната судбина доловувајќи дека истрајноста понекогаш е во костец со непредвидливоста на болеста.

Мојата сопруга се викаше Загорка, почина на 34 години бидејќи имаше канцер на дебело црево со метастази – ја почнува Благоја животната приказна, зборувајќи за неговата сакана која прерано ја загубил.

Додека зборува прави паузи и воздишува, вели претешко беше како самохран родител да се одгледува дете со ретка болест. Освен Марио, Благоја го има и синот Лазе кој е девет години постар. Токму тој на своето братче му бил како втор татко грижејќи се за бројните инхалации и апчиња, додека татко им морал да работи за да ги издржува.

Сепак, Благоја со помош на својата мајка успеал да ги одгледа синовите со кои и покрај тешкотиите, денес се гордее.

„Претходно можеби имав чуено за болеста цистична фиброза, но не знаев точно што е. Со текот на времето научив што и како… Првиот сомнеж за болеста го имаше еден искусен педијатар од нашиот град кој сега е во пензија, но кога Марио имаше еден месец рече дека е многу рано. Веќе следниот месец нѐ испрати на Детската клиника во Скопје и таму ја добивме дијагнозата“, вели Благоја.

Неговата мајка ги чувала децата додека тој бил на работа, а била безерезервна поддршка и во последните мигови од животот на Загорка.

Спортските натпревари како тест за издржливоста

На шестгодишна возраст Марио пројавил интерес за џудото, нешто што со текот на годините станало негова вистинска пасија. Бројни се наградите и успесите со кои може да се пофали, а до нив тој стигнува малку потешко од останатите спортисти бидејќи пред секој тренинг мора да прави соодветни инхалации.

„Од мала возраст бев физички активен заедно со моите другари и тогаш баш се оформи клубот во кој тренирам. Со моите другари сите заедно тренираме уште од најмали нозе, тоа ми е скоро како професија, не ми е само хоби. Најзначајни ми се државните првенства, но исто така сум учествувал и на балкански првенства за нашата репрезентација“, ни објасни Марио.

Вели дека имало и натпревари кои ги пропуштил поради влошена здравствена состојба.

Автор: Вања Мицевска

Фотограф: Вангел Тануровски

За повеќе детали на: mms.mk

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...