28.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаВласта ги надмудри и хакерите: Од денес ставен во функција системот „Мое...

Власта ги надмудри и хакерите: Од денес ставен во функција системот „Мое осигурување”

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија (ФЗОРСМ) известува дека системот „Мое Осигурување” функционира за осигурениците во цела држава, со тоа што поради технички прилагодувања, во целосна функција ќе биде ставен до крај на денот.

<

-До овој момент „Мој термин” ги има преземено податоците заклучно со денешен датум, 20 февруари 2023. Сите платени придонеси од сите обврзници се евидентирани во Мој Термин. Ова значи дека сите здравствени работници и аптеки имаат можност да го проверат статусот на осигурување во Мој Термин, соопштија денеска од ФЗОРСМ.

Оттаму информираат дека активно работат и на системот за исплата на плати, породилни боледувања и други рефундации. Очекуваат во текот на денов враќање и на останатите состеми. Сите информации, како што најавуваат, веднаш и благовремено ќе бидат споделени со јавноста.

Премиерот Димитар Ковачевски викендот во интервју за МИА истакна дека проблемот со хакерскиот напад на Фондот за здравствено осигурување ќе се реши. На него, како што информираше деноноќно работат домашни и експерти од земјите – членки на НАТО. Личните податоци на граѓаните, според Ковачевски се заштитени, а се прават напори да им бидат исплатени и платите на здравствените работници

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...