25.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 30, 2025
ПочетнаМакедонијаОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ЗА ИНТЕРВЈУТО НА ЈУТУБЕРОТ СТЕФАН ЛАЗАРОВ СО ДРАГАН ПАВЛОВИЌ-ЛАТАС

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ЗА ИНТЕРВЈУТО НА ЈУТУБЕРОТ СТЕФАН ЛАЗАРОВ СО ДРАГАН ПАВЛОВИЌ-ЛАТАС

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Секторот за компјутерски криминал од МВР доставил известување до Скопското обвинителство по интервјуто на јутуберот Стефан Лазаров со Драган Павловиќ-Латас емитувано на 15 февруари, во кое Павловиќ-Латас раскажува дека како 15-годишник тој и неколку другари злоставувале и силувале девојка која била претепана. Притоа, обајцата со Лазаров се смеат за насилството.

<

„Има известување од МВР. Предметот е распореден кај обвинител, ќе видиме како натаму ќе се одвива случајот, одговори Јавниот обвинител Гаврил Бубевски на прашање од САКАМДАКАЖАМ.МК.

Јавноста остро го осуди интервјуто како поттикнување кривично дело родово базирано насилство и го повика Обвинителството да постапи. Исто така, ги повикаа и видните компании кои се рекламираат во подкастот на Стефанов да ги повлечат рекламите поради содржините во кои се одобрува и се повикува на насилство.

„Во видеото, кое веќе има над 50 илјади прегледи, за двајцата соговорници силувањето е извор на забава и смеа, со што тие директно праќаат порака кон огромната публика не само дека тоа е нешто нормално, туку и смешно. Ова интервју е само еден јавен и болен показател за тоа како во пракса изгледа нормализирање на културата на насилство и до каде може може да доведе непостапувањето на институциите и немањето јасни ставови и политики кои ги заштитуваат жртвите, наместо насилниците. Таа култура, им дава ветер во грб на насилниците, кои не само што продолжуваат да живеат нормално, туку и да бидат славени како ‘вистински мажи’ и победници. Истата таа култура ги осудува жртвите, праќајќи им јасна порака дека системите на поддршка се речиси непостоечки. На оваа култура мора да ѝ се стави крај, јасно и гласно, ако јавната осуда е единствено оружје кое го имаме на располагање, соочени со систем кој очигледно не знае и не сака да се справи со родово базираното насилство“, реагираше Хелсиншкиот комитет за човекови права.

С. К. ДЕЛЕВСКА сдк.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ексклузивна фотографии од опожарениот глисер кај каналот Студенчишта во Охрид.

Ексклузивна фотографија: Опожарениот глисер кај Студенчишта – брза интервенција спречи трагедија До нашата редакција пристигна ексклузивна фотографија од глисерот кој денес попладне се запали во...

Фото: Се запали јахта кај каналот Студенчишта во Охрид – благодарение на брзата интервенција избегната трагедија !!!!

Се запали глисер кај каналот Студенчишта – благодарение на брзата интервенција избегната трагедија Пред десетина минути во близина на каналот Студенчишта во Охрид избувна пожар...

Трагедија во Италија: Девет годишно девојче со потекло од Македонија се удави во реката Пјаве

Девојче со потекло од Македонија на возраст од девет години вчера трагично го загуби животот во реката Пјаве, во близина на Сан Џакомо ди...

Полициските службеници од Охрид спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата !!

Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската...