Сабахудин Спаховиќ, водачот на спасувачкиот тим на БиХ кој им помогна на жртвите од земјотресите што ја погодија Турција, посвои мачка спасена од урнатините и ја донесе со себе во Сараево по мисијата. „Заедно со моите колеги, пред да заминеме од Република Турција, од спасувачката мисија, најдовме маче кое беше многу исплашено. Таму ја преживеа целата оваа несреќа. Решивме да ризикуваме и да ја пренесеме преку граница и сега е овде кај нас. Јас ќе ја посвојам“.