7.4 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаВо министерството за образование има Крт- Ковачевски се сомнева дека некој од...

Во министерството за образование има Крт- Ковачевски се сомнева дека некој од вработените соработува со „бомбашите“

И при промената на е-маил адресите кај училиштата, бидејќи се ставени на еден сервер, којшто е заштитениот сервер на МОН, како тие веднаш адресите на училиштата се нашле кај тие што пријавуваат бомби, се запраша денеска премиерот Димитар Ковачевски, но тоа може да го одговори само истрагата.
Премиерот Димитар Ковачевски зачудено рече дека без разлика што сите училишта ги смениле електронските адреси, по подолготрајните закани односно дојави за поставени експлозивни направи во објектите, тие и понатаму добиваат вакви дојави- Пишува Плус Инфо

– МВР по секоја лажна пријава за бомба, постапува согласно законот и постапките за антитероризам. Се води секогаш истрага за пријавата на лажни бомби. Таа истрага покажува првични интересни податоци кои не можам да ги коментирам оти се дел од истрага и коишто не може со точност да се знае со каков финален ефект ќе завршат. И при промената на е-маил адресите кај училиштата, бидејќи се ставени на еден сервер, којшто е заштитениот сервер на МОН, како тие веднаш адресите на училиштата се нашле кај тие што пријавуваат бомби – се запраша денеска премиерот Димитар Ковачевски, но тоа може да го одговори само истрагата.

Одговарајќи на новинарско прашање дали има крт во некоја од службите и на која служба се сомнева, рече дека не би го лоцирал проблемот само кај службите, туку може да биде и поширок.

– Претпоставка би била дека вклучува некој кој што не сака Северна Македонија да ја има својата надворешна политика да ја има таква каква што ја има усогласена со ЕУ, усогласена со НАТО – додаде Ковачевски.

Ковачевски: Нема пардон за ниту еден функционер кој ја злоупотребува позицијата
Без разлика кој и каква позиција извршува и дали припаѓа на некоја политичка партија може да биде санкциониран за злоупотреби. Такви случаи има и немало пардон за никого, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање по презентацијата на втората инвестиција на германската компанија „Гересхајмер“ во ТИРЗ Скопје.
-Доколку некој има сомнежи за одредени злоупотреби, тогаш стојат на располагање сите институции тоа да се поднесе и да биде процесуирано и санкционирано согласно законите на државата. Имаме правен систем со кој се санкционира секаква злоупотреба од кој било вид без притоа некој да е привилегиран по кој било основ. Јас тоа го потврдив преку одреден број разрешувања и именувања на функционери токму од причини на сомнежи на несоодветно извршување на работите – рече Ковачевски.

ПлусИнфо

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...

Владо Георгиев ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје

Црногорскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој веднаш се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за...