20.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаСветЗеленски се расплака говорејќи за војниците…

Зеленски се расплака говорејќи за војниците…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја одбележа првата годишнина од почетокот на судирот во солзи за илјадниците војници и цивили кои загинале во војната.

<

На студеното и облачно утро, 45-годишниот претседател им се обрати на вооружените сили и помала група службеници на Плоштадот Света Софија, кај катедралата со зелено-златна купола како симбол за отпорот на градот.

„Горд сум на вас“
„На сите кои се борите за Украина, сакам да ви кажам – горд сум на вас. Сите ние, секој од нас е горд на вас“, рекол Зеленски одвај задржувајќи ги солзите додека ги одликувал војниците со „Орден херој на Украина“.

Во текот на интонирањето на државната химна, присутните ги наведнале главите во текот на едноминутното молчење, а Зеленски плачел.

Зеленски во земјата и натаму е популарен, а на жителите секојдневно им се обраќа со пораки снимени со паметен телефон, а на тој начин комуницира и со светот и бара што поголема меѓународна поддршка за пари и оружје. Во 15-минутното видео, објавено во медиумите со наслов „година на непобедливост“, ветил дека ќе го порази непријателот.

„Најдолг ден во нашите животи“
„Пред една година на денешен ден, од ова исто место околу седум наутро, ви се обратив во кратка изјава, во траење од само 67 секунди. Ние сме силни. Подготвени сме на се. Ќе победиме секого. Вака почна 24-ти февруари 2022-ра година. Најдолгиот ден во нашите животи. Најтежок ден во нашата понова историја. Рано се разбудивме и од тогаш не спиеме“, рекол Зеленски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...