-1.1 C
Ohrid
недела, ноември 24, 2024
ПочетнаМакедонијаГруби: Со проруски елементи сакаат да ме спречат да го изградам Коридорот...

Груби: Со проруски елементи сакаат да ме спречат да го изградам Коридорот 8

Вицепремиерот Артан Груби смета дека основна причина што опозициската ВМРО-ДПМНЕ и македонските медиуми водат кампања за неговата дискредитација е поврзано со изградбата на Коридорот осум, кој е најголем проект во земјата во вредност од две милиарди евра. Груби смета дека позади нападите стоијат проруски и антиалбански елелемтни, коишто 30 години проектот го заклучиле во фјоки со цел никогаш да не се реализира затоа што им смета поврзувањето на Скопје со Приштина и Тирана.

„Коридорот почнува од Италија и завршрува на Црно море. Тој е од животно значење за поврзување на Украина со Западот. Да беше изграден коридорот досега, железницата, автопатот и да постоеше енергетско поврзување, кризата во Украина ќе беше многу полесно да се менаџира и трошоците за транспорт на воената техника, храната и другата помош ќе беше многу поефтина“, вели Груби во интервју за ТВ Шења и порталот zoom.mk.

Тој тврди дека изграбдата на коридорот повеќе не може да се опструира бидејќи средствата се обезбедени и набрзо ќе завршат преговорите меѓу консултантската куќа и конзорциумот Бехтел и Енка.

„Следната недела завршуваат преговорите и ќе се потпише договорот по што веднаш ќе почне изградабата на автопатот, кој ќе биде готов за пет години”, тврди Груби.

Според него, и изграбдата на автопатот до граничниот премин Блаце, кој треба да не поврзе со автопат со Косово, е спречен од истите проруските елементи употребувајќи слични техники, како го опструирале со децении Коридорот осум.

„Проектот за автопатот со Косово така е проектиран со цел никогаш да не се изгради. Прв пат е проектиран во 1999 година и беше предвидено автопатот да помине преку гробиштата на Блаце. Вториот проект предвидуваше автопатот да помине преку воениот полигон Стенковец. Сега имаме нова траса за што се обезбедени сите дозволи. Првите две километри завршуваат годинава, а наскоро ќе се објави тендер за остантите 10 километри, кој е проектитан и финансиран од Европска банка за развој“, објаснува Груби.

Одговарајќи на прашањето за одговорноста на ДУИ како владина партија за нереализација на Коридорот oсум и автопатот кон Косово, Груби се правда дека во тоа време Груевски имал мнозиство во Собранието и дека биле немоќни да ја спречат неговата антиалбанска и антизападна политика, туку работеле земјата да го реши спорот со Грција и Бугарија, што било услов за евроинтеграцијата на земјата.

zoom.mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва приведен вработен во Македонски Шуми- Го фатиле како краде дрва !!

Паралелно со производството и пошумувањата низ целата територија на Македонија, ЈП “Македонски Шуми” продолжува со бескомпромисна борба против криминалот, корупцијата и сите нелегални активности...

Првата невидлива скулптура на светот се продаде на аукција за 15.000 евра.

Првата невидлива скулптура на светот се продаде на аукција за 15.000 евра. Станува збор за „дело“ на италијанскиот уметник Салваторе Гарау наречено „Јас сум“, што...

Бананата залепена за ѕид со леплива лента продадена за 6,2 милиони долари

Банана залепена со леплива лента за ѕид, провокативно уметничко дело на Маурицио Кателан, достигна цена од 6,2 милиони долари на аукција на „Сотби“ во...

Семејството моли за помош: Веќе петти ден го нема младиот Виктор.

На 19.11.2024 од својот дом се одалечува Виктор Николиќ. Од тогаш му се губи секоја трага,се замолуваат сите ако го имаат видено или ако имаат...