27.9 C
Ohrid
среда, јуни 11, 2025
ПочетнаМакедонијаВелешанецот кој ја усмрти 11 годишната Магдалена призна вина

Велешанецот кој ја усмрти 11 годишната Магдалена призна вина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Признавам вина и му се извинувам и на семејството и на јавноста. Ова се зборовите пред велешкиот суд на 30 годишниот Ангелче Николов, кој на 17 декември лани, возејќи пијан, на пешачки премин ја усмрти 11 годишната Магдалена, а тешко ја повреди нејзината мајка.

<

На денешното прво рочиште, Николов кажа дека е свесен за последиците од признанието, дека ќе добие затворска казна и дека ќе треба да плати отштета и трошоци.

Со признанието на вина, денеска во судот не се сослушување сведоци. Обвинителката Славица Темелковски во воведниот и во завршниот збор побара од судот при изрекувањето на пресудата да го има предвид тоа што Николов претходно два пати бил казнуван за возење во алкохолизирана состојба и тоа што два дена се криеше од органите за прогон.

Обвинителката Темелковски рече дека во моментот на несреќата, во автомобилот на Николов имало и други луѓе, но тие не се предмет на обвинение, оти немало докази дека тие имале било каква врска со кривичното дело.

Адвокатот на оштететеното семејство Јанаки Митровски побара од обвинителство дс истражи кој го криел Николов два дена. Тој не де согласи со квалификацијата на повредата на мајката на малата Магдалена и смета дека таа се здобила со тешка телесна повреда.

Бранителот на Николов, адвокатот Андреја Весов побара од судот да ги смета како олеснителни околности тоа што тој го призна делото и дека сам се пријавил во полиција.

Судијката Габриела Гајдова пресудата ќе ја донесе на 17 март, во 12 часот.

Несреќата се случи на 17 декември, кога Николов, возејќи со голема брзина и пијан, на улицата „Борис Трајковски“ во близина на велешкото училиште „Васил Главинов“, на која е ограничено движењето на 30 километри на час, на пешачки премин удри во мајката и ќерката, а нивниот татко и сопруг за влакно го избегнал ударот. Малата Магдалена од местото на ударот била отфрлена дваесеттина метри и веднаш починала. Нејзината мајка, која на пешачкиот премин била еден чекор понапред, тешко беше повредена.

По несреќата, Николов избега и два дена се криеше, по што сам се предаде во полиција. Истражните органи го идентификуваа уште вечерта, откако на местото на несреќата беше пронајдена регистсрската табличка на неговиот мерцедес.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков им посака успешни игри на пензионерите на Регионалните спортски игри за пензионери.

Имав чест денес да ги поздравам и да им посакам успешни игри на пензионерите на Регионалните спортски игри за пензионери. Особено сум горд што токму...

Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари

Креиран е првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари. Целта е како што велат надлежните да се создаде јато дронови кои ќе бидат...

Таравари разочаран: Во институциите се вработени 95% Македонци, а само 5% Албанци

Во институциите се отвораат стотици работни места, а пропорцијата на застапеност е некаде околу 5% Албанци и 95% Македонци, вели лидерот на едното крило...

Овој пат ќе му Суди Фатиме Фетаи: Васил Јованов повторно пред суд – овојпат за обвинение за трговија со дрога.

Васил Јованов, кој пред извесно време беше осуден на 12 години затвор за смртоносното прегазување на 24-годишната Фросина Кулакова на пешачки премин, денеска повторно...