23.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски и Бектеши ги проверија цените, јајцата сè уште одмрзнати

Ковачевски и Бектеши ги проверија цените, јајцата сè уште одмрзнати

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во улога на пазарни инспектори премиерот Ковачевски и министерот Бектеши излегоа да проверат дали тестенините, млекото и млечните производи од денеска се продаваат со намалени цени.

<

Откако ги провери сумите испишани на рафтовите, Ковачевски ја заврши и домашната обврска.

Си купи леб, макарони, млеко, урда, но и се заблажи. За разлика од него, министерот Бектеши маркетот го напушти со празни раце. Намалување на цените на овие производи има, потврдија надлежните.

И граѓаните велат, производите ги нашле по пониски цени. Но, сметаат дека тоа не е доволно. Поскапувањето беше големо и поевтинувањето треба да продолжи и во следните месеци.

Министерот Бектеши е убеден дека ќе има компании кои и повеќе ќе ги намалат цените. Повторно најави дека за оние кои ќе бидат поодговорни ќе следи награда.

„Јас сум убеден дека ќе има компании кои ќе ги намалат повеќе од оние проценти кои се во одлуката. До крајот на наредната недела ќе достави информација со детална анализа за секој производ и ќе се дизајнираат новите мерки во април. Мерки кон стопанството за оние сектори кои ќе покажат одговорност но и кон граѓаните“, вели министерот за економија, Крешник Бектеши.

Пазарниот инспекторат, испрати 160 инспектори на терен. До сега неправилности нема. Предупредија дека сите кои ќе се обидат да ја прекршат одлуката со име јавно ќе бидат објавени.

„Апелирам како директор, имаа шест дена да се прилагодат на оваа одлука и затоа апелирам истото тоа да го направат, бидејќи санкциите се високи од 800 до 10.000 евра, а ние постапуваме по законите и без никаква селекција ќе биде вршен надзорот“, вели директорот на пазарниот инспекторат, Горан Трајковски.

Од денеска макароните и шпагетите поевтини за 15 отсто, млекото, јогуртот, киселото млеко, кашкавалот, сирењето и урдата, за 10 проценти.

Од следната недела ќе се одлучува дали ќе се направи истото и со цените на јајцата, шеќерот, оризот.

Одлуката за намалување и замрзнување на цените се донесе затоа што дел од прехранбените компании три месеци користеа субвенционирана струја, а за возврат или воопшто не ги намалија цените или поефтинувањето беше незначително.

Се одлучи евтината струја да се укине. Но, сè уште е неизвесно дали единствената казна за овие фирми ќе биде само укинувањето на субвенционираната струја. Ковачевски допрва ќе проверува дали законски постои можност и за други санкции.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски ги предложи Азир Алиу за нов министер за здравство и Албрим Хоџа за заменик министер за земјоделство

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска во Собранието ги предложи Азир Алиу за нов министер за здравство и Албрим Хоџа за заменик министер за земјоделство. Пребарај.. МАКФАКС МАКФАКС МакедонијаМицкоски ги...

Гордана Сиљановска Давкова: Потребен ни е мир со природата

Чест ми е што сум меѓу гостите на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон кој е домаќин на глобален настан којшто треба да создаде...

Мерко прогласен за невин за аудито вредно 67 илјади евра

Кривичниот суд во Струга го ослободи од обвинение актуелниот градоначалник на оваа општина, Рамиз Мерко, кој се гонеше за луксузниот автомобил „Ауди“ вреден 67...

Проширена истрагата за трагедијата во Кочани: Приведен е Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ

Александар Нацев од ВМРО=ДПМНЕ е сопственикот во позадина на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“ за кого е проширена истрагата на Јавното обвинителство за пожарот во...