15.9 C
Ohrid
среда, јуни 11, 2025
ПочетнаМакедонија18 години затвор за возачот кој пијан усмрти дете од Велес, а...

18 години затвор за возачот кој пијан усмрти дете од Велес, а потоа избега

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Возачот Ангелчо Николов кој ја прегази 11-годишната Магдалена и ја усмрти, доби 18 години затвор за двете дела за кои се гонеше од Обвинителството. Тој доби и забрана за управување со моторно возило. На Николов му е изречена мерка притвор бидејќи судот сметаше дека тој може да избега ако биде на слобода.

<

Судијките, како што објави Макфакс, посочија дека во предвид ги зеле последиците, смртната последица, однесувањето на сторителот откако ја прегазил Магдалена и нејзината мајка, како и умислата. За судот немаше олеснителна околност во тоа што по 30 часа возачот се сам се јави во позиција, а откако претходно беше во бегство. Тој бил и претходно казнуван за сообраќајни прекршоци и му била одземана возачката.

Признанието на вина го земавме како олеснителна околност но како придонес за полесно завршување на постапката. Не го зема како околност како позитивен став, односно судот не процени дека има искрено каење“, кажа судијката.

Судијката објаснуваше и за висината на казната.

„Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот е предвидена казна од најмалку четири години, што значи дека затворот не може да биде подолг од 20 години. За неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода е предвидена парична казна или казна затвор до една година. Во однос на одмерување на санкцијата, судот нема апсолутна слобода, туку има законски пропишана казна согласно Кривичниот законик. Судот не носи закони, туку спроведува закони“, кажа судијката.

Сообраќајната нерсеќа се случи на десетина дена пред Нова година. Возачот Николов беше во бегство, па по два дена, уапсен од полицијата. Тој го управуваше возилото „мерцедес“ со прекумерна брзина, како што и призна. Освен жртвата, 11-годишното девојче, повреди имаше и мајката.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сања Миа ги отпеа своите маки и страдања во новата печалбарска песна – „Сакам дома да си дојдам

Сања Миа со нова песна: „Сакам дома да си дојдам“ — животна приказна од болка, мака и нова среќа. Некогашна ѕвезда на македонските кафеани, пејачката...

Уште две бисти украдени од гробиштата во Бутел

На 09.06.2025 во СВР Скопје, В.С.(73) и Љ.Г.(66), двајцата од Скопје, пријавиле дека во периодот од 01.02.2025 до 09.06.2025 од две различни гробни места...

Прваче во домот на Милошовски: Ја запиша ќеркичката Илина во приватно училиште.

Антонио Милошоски, на социјалните мрежи сподели убави вести. Имено, неговата ќерка ја запиша во прво одделение, во приватното училиште Јахја Кемал. „Го запишавме новото прваче....

55 годишен маж од С.Мислешево претепан од тројца мажи, поради недоразбирање во сообраќајот !!!

На 09.06.2025 во 21.15 часот во Полициската станица Струга, 3.П. (55) од с. Мислешево, струшко, пријавил дека околу 19.00 часот во с. Мислешево, поради...