3.9 C
Ohrid
недела, април 20, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонците во Албанија бараат загарантирани места за малцинствата во Парламентот

Македонците во Албанија бараат загарантирани места за малцинствата во Парламентот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Лидерот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, побара загарантирани места за припадниците на малцинствата во албанското Собрание.

<

Ваквото барање тој го изнел на тркалезната маса организирана од мисијата на ОБСЕ во Тирана посветена на изборната реформа на тема „Негирани од страна на системот: Воспоставување на сеопфатен систем за заштита на демократијата”, на која учествувале пратеници од албанското Собрание и претставници на политичките партии и цивилниот сектор.

„Во моето излагање, во името на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, истакнав дека ако има некој кој е негиран од страна на системот тоа се малцинствата во Албанија. Освен грчкото малцинство кое традиционално е застапено во албанското Собрание, другите малцинства: македонското, влашкото, ромското, бошњачкото, египќанското, српското и црногорското се политички незастапени во албанското Собрание во изминатите 30 години“, вели Стерјовски.

Тој додава дека е време малцинствата во Албанија да имаат загарантирани места во албанскиот законодавен дом, по примерот на многу држави во Европа, кои имаат обезбедени мандати во нивните парламенти за националните малцинства.

„Верувам дека ќе се најде политичка волја, но и со помош на нашите стратешки партнери САД и Европската Унија со новата изборна реформа, малцинствата во Албанија да имаат загарантирани места во албанското Собрание“, нагласува Стерјовски.

Според нег, една од зацртаните активности на МАЕИ е партијата да биде застапена со свој пратеник во албанското собрание.

„Ние мора да се избориме секогаш да бидеме парламентарна партија. Заеднички со сите малцинства, бараме да имаме загарантирани места“, додаде Стерјовски.

Инаку, Стерјовски во мај годинава стана првиот пратеник во албанскиот Парламент во плурална Албанија, кој доаѓа од редовите на македонска партија, но и воопшто прв пратеник кој јавно се декларира како Македонец. Тој го доби мандатот, откако пратениците од коалицијата што ја предводеше Социјалистичкото движење за интеграција, чиј дел на јунските избори пред две години беше и МАЕИ, се откажаа од пратеничките мандати. Врз основа на договорот Васил Стерјовски беше петти на кандидатската листа за округот Корча.

МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Премиерот Мицкоски: Вечерва заедно со охриѓани во црквата Св. Богородица Перивлепта го дечекавме Христовото воскресение.

Вечерва заедно со охриѓани во црквата Св. Богородица Перивлепта го дечекавме Христовото воскресение. Нека светлината од Воскресението на Христос донесе мир, љубов и надеж кај...

Докторка од Италија која го лекувала штипјанецот Симон Крстев, повреден во пожарот во Кочани, го посети во Штип

Директорката на Педијатриската клиника на Универзитетската болница во Парма, Италија каде што се лекувал штипјанецот Симон Крстев, кој беше еден од 193-те повредени во...

Путин нареди да се прекинат сите воени акции за време на велигденските празници.

Владимир Путин, соопшти дека стапува на сила велигденското примирје. Претходно руските медиуми објавија дека тој се сретнал со началникот на Генералштабот на Руската Федерација Герасимов. Според...

Денеска на ден Велигден почина музичкиот великан од нашата генерација, Тоше Поп Симонов.

Денеска на ден Велигден почина музичкиот великан од нашата генерација, Тоше Поп Симонов. Остави музика и човештина за на век. Не задолжи сите...