17.9 C
Ohrid
недела, мај 19, 2024
ПочетнаМакедонијаСамо 1% од ваквите случаи како со Јана завршуваат со смрт: Отоците...

Само 1% од ваквите случаи како со Јана завршуваат со смрт: Отоците на очните капаци се поврзани со ослабување на срцето

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, верува дека малата Јана починала од вирусна инфекција која предизвикала миокардит, или воспаление на срцевиот мускул. Според него вирусните миокардити знаат да бидат бурни и за само неколку часа може да се случи смрти. Според него, лекарите во битолската болница најверојатно не можеле да направат нешто повеќе.

Според Петличковски, најчести предизвикувачи на миокардит се Аденовирусите, Парвовирусите и секако вирусните инфекции од ковид, но, како што рече, шест месеци е малку предолг период за директно да се поврзе ковидот.

– Многу е веројатно дека некој вирус бил предизвикувач на миокардитот, но не можеме со сигурност да потврдиме кој е тој вирус. Шест месеци период е предолг период за да го инкриминираме ковидот и директно да посочиме дека е тој виновникот. Некој вирус многу веројатно бил, истакна Петличковски во интевју за Сител.

На прашањето околу забелешката на родителите на малата Јана дека таа имала отоци во телото и дали тоа можело да биде некаков сигнал дека се случува такво нешто и да биде предупредување за лекарите, тој одговори дека отоците на очните капаци, како што вели, веројатно се поврзани со ослабување на функцијата на срцевиот мускул.

– Мислам дека лекарите во битолската болница тоа веднаш го детектирале и почнале постапки за проценка на срцевата функција. Знам дека имало и консултации со клиниката во Скопје, и со Детската клиника и со Кардиологија, и прилично сум сигурен дека биле на добар пат во поставувањето на дијагнозата. За жал, некогаш овие вирусни миокардити знаат да бидат многу бурни и само за неколку часа се случува смртта, така што не верувам дека во битолската болница можеле да направат нешто повеќе, подвлече Петличковски.

Исто така информираше дека во определен мал дел на овие случаи состојбата е многу тешка и ургентна и дека тоа не може да се предвиди на почеток.

– Тоа се непредвидливи и многу тешки случаи и за жал немаме начин како тоа да го спречиме, посочи претседателот на Комисијата за заразни болести додавајќи дека можат да постојат некои благи симптоми но овој фулминантен тек не може да се предвиди, непредвидлив е и тешко решлив, рече Петличковски, информирајќи и дека вирусните миокардити само околу еден процент завршуваат со смртен исход.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...

Сиљановска Давкова назначи нов генерален секретар, познатиот новинар ќе биде негов заменик

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги има првите кадровски решенија за во Вила Водно. Досегашниот генерален секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и...

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид.

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот. -...

Незаконски се гради нов стадион во Тетово, имотот е на државата, а не на општината

Одлуката која што ја донел Советот на Општина Тетово во септември минатата година, со која тетовскиот градски стадион го доделил на трајно користење на...