4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаСпасот го гледам само во Спасовски: Полиција го бара зет ми за...

Спасот го гледам само во Спасовски: Полиција го бара зет ми за исчезнувањето на внукот на Љубе Бошковски, а полицајците го малтретираат син ми !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Снежана Јаковлеска, медицинска сестра од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, во разговор со „Слободен печат“ се пожали дека полицијата го малтретира нејзиниот син во врска со исчезнувањето на внукот на Љубе Бошковски, Самоил Костадиновски, за кој веќе подолго време нема напредог во потрагата.

<

Таа вели дека Самоил бил добар пријател на нејзиниот зет, за кого исто така нема слушнато подолго време и сознанијата се дека е во странство, но затао, како што вели Јаковлевска, полицијата секојдневно го малтретирала нејзиниот син кој немал никаква врска со внукот на Бошковски.

-Сето ова почна со исчезнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, којшто беше добар другар на зет ми. Зет ми беше повикан во полиција, разговараа со него и го пуштија. По недела дена, во домот ми се спроведува претрес за недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. Како ова е напишано и дојдено до мене и мојата куќа, не ми е јасно. Не најдоа ништо зашто нема, ниту пак некогаш имало. Рекоа дека не го бараат тоа од наредбата, туку го бараат мојот зет и дека целиот претрес е поради него. Последните неколку недели никој од нас нема контакт со зетот. Ниту знаеме каде е, ниту комуницираме. Како што имаме дознаено, тој е во странство, вели Јаковлеска.

Нејзиниот син потоа бил пресретнуван од полицајци и на неговото работно место во скопска пицерија, испрашуван, физички и психички малтретиран.

-Мојот син потоа отиде на Ургентен центар и таму во извештај му се регистрирани настанатите повреди на лицето. Отидовме и во полициската станица Карпош и тие повикаа и внатрешна контрола и коректно и уредно ни зедоа изјави. Но. тоа не престана тука. Истото продолжи и потоа, повторно на неговото работно место, и тоа откако од внатрешната контрола дојдоа и ги зеле снимките од камерите за надзор од претходната пријава, додава мајката.

Последниот спас го гледа во тоа да му испрати писмо на министерот Оливер Спасовски.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...