24.9 C
Ohrid
вторник, јуни 17, 2025
ПочетнаМакедонијаМаксо: Вадењето нови лични документи требаше да биде финансиски покриено од државата,...

Максо: Вадењето нови лични документи требаше да биде финансиски покриено од државата, исто така Преспанскиот договор не се почитува ниту се исполнува од грчката страна !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ова е срамота што им се прави на граѓаните на Македонија. Првенствено целиот тој процес требаше да биде завршен и финансиски покриен од страна на државата, да не се изложуваат граѓаните на дополнителен трошок бидејќи тие не се виновни за тој договор што се случи. Одговорноста е на власта, на политичката елита која што владее. Срамно е да ги гледаме вака граѓаните каде стојат во коли и се туркаат за да добијат личен документ, а уште поголем срам е нефункционалноста на министерството за внатрешни работи да ја спроведе целата постапка. Истата не е изнудена од вчера, таа беше планирана подолг временски период. Треба да им се каже на граѓаните “Да, имате рок толку време, дополнително се пролонгира рокот и сето тоа ќе биде бесплатно бидејќи вие не сте виновни за тоа што морате да ги промените сопствените документи”, вели лидерот на новиот политички субјект Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски во вечерашното гостување во емисијата Клик Плус за хаосот на пунктовите за вадење нови лични документи коишто се приморани сами да ги плаќаат наместо државата…

<

Димитриевски дополнително посочува и дека Преспанскиот договор не се почитува и исполнува од грчка страна, за кои вели дека немаат имплементирано ништо од нивните обврски по однос на договорот, а граѓаните го гледаат тоа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Србија: Татко со трактор го прегази своето едногодишно дете

Во село Селенча во Србија се случи страшна трагедија, кога татко, управувајќи со трактор, ненамерно го прегазил своето едногодишно дете, кое починало на самото...

До 10 јули ќе биде пуштена делницата од Врбјани до Охрид- Вели премиерот Мицкоски.

Очекувам до 10 јули да биде пуштена делницата од Врбјани до Охрид, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во Битола при посетата за почетокот на...

Брутален чин кај Стража: Со BMW влечеше мртва коза по патот !!!

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како возач на BMW автомобил влече мртва коза врзана за задниот дел од...

Бислимоски: РКЕ треба да ја утврдува цената на водата.

За да се намали загубата на водата за пиење која на национално ниво во просек изнесува близу 64 %, неопходно е Регулаторната комисија за...