13.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаМинистерот Спасовски и покрај многубројните обврски со ИНТЕРПОЛ отиде да им одаде...

Министерот Спасовски и покрај многубројните обврски со ИНТЕРПОЛ отиде да им одаде почит на загинатите Македонски Бранители од Диво Насеље !!!

Рано наутро Оливер Спасовски во 6 од Охрид, од меѓународниот настан со Интерпол, до Тетово, Брвеница, да им се одаде почит на загинатите од Диво Насеље. Денеска се навршуваат 8 години од „Диво насеље“.

Во мое Куманово, и во целата земја, сите бевме во неизвесност од вооружениот напад во кој животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи –
Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.
Нека им е вечна слава!

Судските архиви сведочат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“, така што овој крајно вознемирувачки и трагичен настан засекогаш ќе остане во колективната меморија на кумановци како голема траума, а граѓаните од целата држава ќе паметат дека нарачателите не ја остварија својата цел да ја одржат неизвесноста во која режимот ги држеше во заложништво државата и граѓаните.

Хероите живеат вечно! Никогаш да не се повтори!

-Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...