12.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаАнгелов: Сеуште е топол, можно е да паѓаат и бетонски парчиња од...

Ангелов: Сеуште е топол, можно е да паѓаат и бетонски парчиња од него- Вели директорот на ЦУК за мостот “Беласица”

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Забрането е движење на пешаците под самиот мост затоа што постои можност од паѓање на бетонски парчиња, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Мостот „Беласица“ кај Железничката станица во Скопје ќе биде затворен целосно за пешаци и за моторни возила сѐ додека не се санираат штетите од пожарот кој го зафати долниот дел од мостот кој ги поврзува „Веро Џамбо“ и трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ и сѐ додека постои опасност од одронување на бетонски парчиња со кои е премачкан мостот.

<

Ова е одлука која ја донесе Градот Скопје, а ја соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Пожарникарите излегле веднаш на терен, но не смееле да гаснат затоа што немале информации какви инсталации минуваат под мостот. Заклучокот беше дека има само една електрична инсталација со која се напојуваат светилките на мостот, а во средина на мостот минува цевка со дијаметар од еден метар низ која минува топла вода за парното во Скопје. Благодарение на нивната акција околу два часот пожарот беше ставен под контрола, а околу 4 часот беше целосно изгаснат. Температурата надминува 1.000 степени целзиусови и од високата температура дојде до пукање на заштитниот бетон со кој што е намачкан мостот долу и постои опасност од оштетување на арматурата. Мостот е топол и утрово. Градот Скопје донесе одлука да го затвори целосно мостот за движење и на пешаци и на моторни возила – рече Ангелов.

Сѐ додека не се утврдат точните штети на кои работи тим од Градот и неколку професори од Градежниот факултет, ЦУК нема да ризикува и мостот ќе остане затворен.

– Мостот верувам дека ќе биде отворен по неговата санација доколку таа е можна. Штетата ќе биде дополнително утврдена, а тие информации ќе ги има градот Скопје. Забрането е движење на пешаците под самиот мост затоа што постои можност од паѓање на бетонски парчиња. Една од можностите за причините е спој на електричните кабли, а втората можност е човечки фактор, но за тоа треба да се произнесе МВР – истакна првиот човек на ЦУК.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...