13.9 C
Ohrid
среда, април 2, 2025
ПочетнаМакедонијаАфет Џелилов добил покана за на СУД, а во Македонија се води...

Афет Џелилов добил покана за на СУД, а во Македонија се води дека е УМРЕН и покрај тоа што е жив !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Се поставува прашањето – ако го осудат за побрзо возење од дозволеното, како државата ќе му ја наплати казната, кога го прогласила за мртов и со години ги одбива доказите дека е жив, здрав, дека постои, дека има жена, деца, дом, адреса и оти брат му е починатиот? (Фото: СДК.МК)

<

И покрај тоа што Граѓанскиот суд Скопје го прогласи за мртов братот-близнак на скопјанецот Афет Џелилов, кој починал во Чешка со пасошот што му го украл пред да замине, Афет уште не може на државата да ѝ докаже дека е жив и има само Посмртница на свое име. Управата за водење матични книги не му дава Извод на родени и тој повеќе од една деценија не може да си ги обнови истечените лични документи, бидејќи не постои во системот.

Но, неодамна се случи бизарен настан. Од една страна, за државата е мртов и закопан во селото Количани, а на домашната адреса му стигнала покана за на суД адресирана на негово име и презиме, за сторен сообраќаен прекршок. Така, „мртвиот“ Афет, оживеан привремено од Кривичниот суд Скопје, е поканет на судење на 8 јуни, во Одделот за прекршоци во Кривичниот суд. Најсвеж личен документ му е Изводот на умрени на негово име, па веројатно со тој документ ќе се идентификува пред судијата.

Се поставува прашањето – ако го осудат за побрзо возење од дозволеното, како државата ќе му ја наплати казната, кога го прогласила за мртов и со години ги одбива доказите дека е жив, здрав, дека постои, дека има жена, деца, дом, адреса и оти брат му е починатиот?

20 ГОДИНИ НЕ МОЖЕ ДА ДОКАЖЕ ДЕКА Е ЖИВ ОТКАКО БРАТ МУ БЛИЗНАК МУ ГО ЗЕЛ ПАСОШОТ И ПОЧИНАЛ ВО СТРАНСТВО
Џелилов вели дека кога го запрел полицаецот за поголема брзина од дозволената, тој му го кажал името и презимето, но му објаснил дека не се води како жив. Службеното лице уредно си запишало во тефтерчето, казната без проблем се процесуирала, а Кривичниот суд со тоа име и презиме го поканил „мртвиот“ Афет на судење за две недели.

Неговата адвокатка Македонка Крстева-Тодоровски се чуди како може полицискиот службеник да го запише? Како му го утврдил идентитетот кога го запрел за брзо возење? Нели Афет Џелилов за државата е умрен?

Овој 45-годишен македонски државјанин од 2001 година кога бил прогласен за мртов, живее во домашен затвор, или како што вели – во бунар.
Извор СДК.МК
ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И ЛИНК ДО ОРГИНАЛНАТА СОДРЖИНА…

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Три лица од кривопаланечко го убиле 84-годишниот дедо кој беше пријавен за исчезнат !!!

Лишени од слобода три лица од кривопаланечко поради извршено кривично дело убиство На 01.04.2025 во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка...

Сајкоски со новото амбуланто возило во Кочани: Ги повикувам и другите компании да донираат.

Ново амбулантно возило со современа опрема за транспорт на болни денеска доби кочанската Општа болница. Донатори се три општествено одговорни компании од Македонија -...

Сопственик на пекара во Нови Пазар гради зграда за самохрани мајки

Сопственикот на пекарницата „Клас“ во Нови Пазар, Сеад Бихорац, познат е по своите хумани дела. Освен што со години им дели бесплатен леб на оние...

Стерјовски: Ќе бараме да се учи македонски во Албанија

Лидерот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој е кандидат за пратеник на отворената листа на Социјалистичката партија (СП) за...