9.9 C
Ohrid
сабота, мај 10, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонските работници три пати помалку продуктивни од европските-Но и три пати помалку...

Македонските работници три пати помалку продуктивни од европските-Но и три пати помалку платени

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ниски плати – непродуктивни работници. Македонскиот работник е 3 пати помалку продуктивен од германскиот, покажува истражувањето на Светска банка, но и најмалку тројно помалку платен.

<

Проблемот, според бизнисот – е во лошата структурна поставеност, односно законски платите се зголемиле таму каде што реално работниците не си ги заработиле.

„Македонската плата, односно граѓанинот во Македонија зема помала плата од германскиот граѓанин, но продуктивноста на германскиот е приближно околу 100.000 долари годишно, а македонскиот создава околу 30.000 долари. Ова значи 3 пати дека сме помалку продуктивни од европските граѓани, изјави Синиша Наумовски, Академија на банкарство и информатичка технологија.

Работникот е продуктивен – онолку колку што е платен, смета Синдикатот. Не може да очекувате висока продуктивност со плата од 22.000 денари.

„Особено во трудоинтензивните дејности како чевларската, текстилната индустрија, градежништвото, металската индустрија, шумарството, каде луѓето се постојано на терен, изложени на надворешни влијанија и имате работни места со висок степен на ризик, каде едвај земаат 30.000 денари плата да очекувате поголема продуктивност. Истиот македонски работник во високоразиените земји ќе зема по 2 до 3.000 евра плата. Да видите колку е таму продуктивен“, изјави Иван Пешевски, ССМ.

Парите го мотивираат работникот, сметат од ССМ.

Кај нас ако работи прекувремено, ќе добие дневница од 1.000 денари. Во странство – најмалку двојно повеќе.

Свесни дека со ниските плати не може да се мотивира работникот да биде продуктивен се и од власта. Но велат – грешката е од минатото кога се привлекуваа странски инвестиции нудејќи ја евтината работна сила како адут. Сега, според нив, ситуацијата се менува.

„Нашата политика е секое работно место кое ќе го отворат новите компании, ако истите сакаат државна помош – мора да понудат за 50 % повисока плата од минималната. Платите мора да бидат достоинствени, изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

Токму ниските плати и лошиот животен стандард изминативе години принудија секој 4-ти жител да ја напушти земјава, што значи изминативе години над 700 илјади лица побараа подобра иднина во странство.

Од власта се надеваат дека со достоинствени плати миграцијата ќе се спречи и работниците ќе останат овде.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Час за паметење: 60 години од матурата одбележаа денес матуранти на штипската гимназија

Час за паметење 60 години од матурата одбележаа денес матуранти на штипската гимназија 60 години од матурирањето денес одбележаа генерацијата 61/65 од гимназијата „Славчо Стојменски“...

Младо момче од Струмица – го споредуваат со легендарниот Сариевски

Ова момче е новиот Александар Сариевски Овие денови на социјалните мрежи се појави едно видео во кое се гледа како едно младо момче пее стара...

Приведен 36-годишниот битолчанец кој со нож се шетал и заканувал на друго лице на Широк Сокак

Денеска (09.05.2025) на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола, затоа што претходно, пред угостителски...

Стоја Ѓеоргиева – најдобра на Државниот тракторски натпревар за ученици во Струмица

Во Струмица денеска се одржа 53-от Државен тракторски натпревар за учениците од земјоделско-ветеринарната струка, чиј домаќин беше СОУУД „Димитар Влахов. Најдобра во дисциплината –...