15.9 C
Ohrid
сабота, август 16, 2025
ПочетнаСветВучиќ: Ако ме убијат, останува синот Данило. Ако него го убијат, останува...

Вучиќ: Ако ме убијат, останува синот Данило. Ако него го убијат, останува ќерката Милица

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа вчера на состанок со премиерката Ана Брнабиќ и најтесниот круг соработници дека е „спремен да умре, но дека никогаш нема да ја предаде власта без избори“, пренесуваат српските медиуми.

<

Никогаш и под никакви услови нема да се согласам на уцени, никогаш нема без избори да им ја препуштам власта на најлошите. Никогаш нема да потпишан никаква техничка или преодна влада! Ако ме убијат, ќе остане мојот брат Андреј. Ако ми го убијат братот, ќе ми остане синот Данило. Ако ми го убијат синот. Ќе ми остане ќерката Милица. Ако ја убијат и неа, останува мојот син Вукан“, наводно кажал Вучиќ.

На овие изјави на Вучиќ остро реагираше опозициската пратеничка Маринка Тепиќ, потпретседателка на Партијата на слободата и правдата. Побара од советниците и соработниците на Вучиќ да го „вразумат бидејќи повеќе не е способен да носи одлуки“.

„Тој (Александар Вучиќ) зборува за крвопролевање на своите деца. Јас не верувам во тоа што го читам, тој човек повеќе не е способен да носи одлуки. Јас вистински апелирам до неговите пријатели, соработници и медиумски советници да го вразумат. Човекот кој зборува за крвопролевање на своите деца, во деновите кога Белград и Србија и понатаму плачат по децата кои настрадаа, и да шири таа хистерија целосно ги загубил разумот и конците“, кажа Тепиќ.

Вучиќ пред неколку дена гостувајќи на телевизијата Пинк порача дека нема шанси да се согласи на преодна влада и дека „можат само да го убијат“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нов крвав инцидент во пихијатриската болница Бардовци!

Вчера наутро, лекари од психијатриската болница во Бардовци пријавиле дека претходната вечер во болницата се случил инцидент во кој еден пациент нападнал друг, а...

Малолетно девојче натепано од 64 годишна жена.

На 14.08.2025 околу 23:00 часот во СВР Скопје, И.В.(43) од Скопје пријави дека околу 22:10 часот на подрачјето на Гази Баба, неговата малолетна ќерка...

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар

Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење...

Што се знае за Македонецот кој пукаше во Марко Љубиша – Кан: Бил во хотелот како српски државјанин, еве како избегал

Андреј Танасковски (18) од Македонија е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан (56), од Будва. Во тек е интензивна потрага...