1.9 C
Ohrid
недела, ноември 24, 2024
ПочетнаМакедонијаНиколоски: Сега СДСМ треба да одговори дали ја прифаќа нашата понуда

Николоски: Сега СДСМ треба да одговори дали ја прифаќа нашата понуда

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во кус коментар за „Фокус“ изјавил дека ставот на партијата денеска бил јасно презентиран од партискиот лидер Христијан Мицкоски. Според него, следен чекор по денешната лидерска средба е СДСМ да одговори дали ја прифаќа нивната понуда или не.

Ние понудивме победничка опција за Македонија која опфаќа и интеграција во ЕУ и зачуван идентитет. Очигледно за Ковачевски поважно е ДУИ да не биде опозиција од тоа Македонија да оди напред. Сега е на СДСМ да одговори на нашата понуда, дали ја прифаќа или не, вели Николоски.
Мицкоски по лидерската средба со Ковачевски рече дека премиерот понудил во рамките на Парламентот да почне дискусија и се изгласа потребата за промена на Уставот, а потоа да биде формирана Влада во која што од 10-те ресори кои ги има СДСМ, 5 да бидат на ВМРО-ДПМНЕ. Потоа да бидат завршени уставните измени и да отпочне процесот на преговори, а потоа да се оди на избори.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека се подготвени да влезат во Влада со СДСМ и останатите партии, но без учество на ДУИ. Освен овој услов, што ДУИ експресно го прифати, Мицкоски бара уставните измени да стапат на сила од денот кога ќе почне ратификацијата на пристапниот протокол на Македонија во рамките на ЕУ од парламентите на 27 членки. Исто така, услов на ВМРО-ДПМНЕ е и ЕУ да донесе Декларација со која ќе нагласи дека го признава посебниот македонски идентитет, јазик, култура, обичаи и традиции.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пронајден е исчезнатиот Виктор Николиќ од Младо Нагоричане

Виктор Николиќ (41) од кумановско Младо Нагоричане кој во петокот беше пријавен како исчезнат е пронајден жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.

Почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка

На 53 годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка во периодот од 2017 до 2021 година. Оваа жална вест ја соопшти поранешниот МВР...

Автопатот Кичево Охрид ќе се прави и во зима !!!

Денес заедно со министерот за транспорт Aлександар Николски,градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и пратеници во сообранието на Република Македонија извршивме увид во градежните...

Вечерва приведен вработен во Македонски Шуми- Го фатиле како краде дрва !!

Паралелно со производството и пошумувањата низ целата територија на Македонија, ЈП “Македонски Шуми” продолжува со бескомпромисна борба против криминалот, корупцијата и сите нелегални активности...