11.9 C
Ohrid
сабота, април 12, 2025
ПочетнаЗабаваМу тргна со палењето: Ламбе ја препеа „Оган да го гори“ од...

Му тргна со палењето: Ламбе ја препеа „Оган да го гори“ од Гоце Николовски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Оган да го гори“ во изведба на Ламбе Алабаковски е првата од предвидените дванаесет нумери што јавноста ќе има можност да ги чуе како дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“. „Оган да го гори“ е песна со потписите на две фолк легенди Војо Стојаноски, како автор на музиката, и Гоце Николовски, кој го потпишува текстот. Аранжманот е на Николче Мицевски, кој со огромна одговорност застана пред предизвикот да напише нови аранжмани за сите 12 композиции.
Гоце Николовски е мојот омилен пејач и од детството имав желба да препеам некоја негова песна, со овој проект оваа моја, дамнешна желба конечно станува реалност. Горд сум што сум дел од „Македонијо во срце те носиме“, горд сум што ја отпеав „Оган да го гори“, вели Ламбе.

<

Зад видеото, како и комплетната реализација на проектот, во чии рамки се преработени меѓу најубавите македонски патриотски песни, стои Скендеровски продукција.

Идејата за реализацијата на проектот во кој на едно место се собрани 12 песни, 12 изведувачи, а со единствена цел – во овие турбулентни времиња кога често сме негирани како народ кој има своја историја, свое творештво, песни во кои се крие вистината на нашата земја – е да се возобноват најубавите македонски патриотски песни, да им се продолжи векот и да ги приближиме до младите генерации.

Освен Ламбе меѓу изведувачите се и Наум Петрески, Сузана Спасовска, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски, ДНК, Огнен Здравковски, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Марија Спасовска, Зуица Лазова, а на списокот песни се „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“ …

Во склоп на проектот наесен планиран е и концертен караван кој под истото име ќе ја обои Македонија во најубавите звуци.

Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кои ни го оставиле генерациите пред нас. Уживајте во изведбата на Ламбе Алабаковски:ВИДЕО ТУКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Богојески ќе тужи самонаречени „новинари поврзани со сдсм и дуи“, ширеле лажни информации и материјали против него

Петар Богојески ќе отпочне правна постапка пред надлежните институции против правни и физички лица, меѓу кои се и „одредени политички партии, нивни функционери, невладини...

Упасени се Шабан Салиу, Ваљон Сарачини, Беким Незири – проширена истрагата за пожарот во Кочани

По наредба на Обвинителството, полицијата денеска апси поранешни високи функционери и прибира докази, зашто ја проширува истрагата за катастрофалниот пожар во дискотеката во „Пулс“...

Донација од Бугарија за градската општа болница во Кочани.

Во текот на вчерашниот ден Фондацијата „Гората. Бг“ од Република Бугарија донираше медицинска опрема за Општа болница со проширена дејност – Кочани. ЗУ Општа болница...

Пациент почина на Кардиохирургија со пукната аорта, без да биде опериран?!

Дали работат операционите сали на Клиниката за кардиохирургија и дали поголем дел од персоналот е на симпозиум? Дали овие се причините поради кои што...