6.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаМинистерот Спасовски: Брзо и ефикасно е расчистен случајот во Струга, напаѓачот е...

Министерот Спасовски: Брзо и ефикасно е расчистен случајот во Струга, напаѓачот е приведен

spot_img

Брзо и ефикасно се делуваше во врска со вчерашниот напад врз македонски државјанин од Лабуниште. Напаѓачот на лицето е пријавен, а земени се и изјави од страна на очевидците, така што случајот е расчистен, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговорајќи на новинарско прашање.

Спасовски напомена дека пријавата и земањето на изјавата од оштетениот се одвиваше во медицинскиот центар. Известен е јавниот обвинител и по прибирањето на сите материјални докази ќе бидат поднесени пријавите.

-Изјавата од оштетениот се одвиваше во медицинскиот центар, бидејќи отидоа полициските службеници, да се пријави целиот овој настан. Така што, овој случај е расчистен. Има спротиставени мислења во делот на материјалите кои се обезбедени. Јас оставам сите материјали да бидат проценети и од колегите и од Обвинителството. Крајните насоки ги дава Обвинителството и ќе биде поднесен соодветен поднесок. Меѓутоа, важно е дека брзо и ефикасно се делуваше, и ние го имаме сторителот, изјави Спасовски во одговор на прашање по посетата на единицата за службени кучиња во Хиподром.

Инаку, вчера околу пладне жител на струшкото село Велешта физички нападнал лице од селото Лабуништа. Министерството за надворешни работи испрати апел за воздржаност од предвремени квалификации се до целосно расчистување на случајот во врска со вчерашниот напад врз државјанинот на Република Северна Македонија, Б.К. од Лабуниште.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

Насловна / Балкан • Македонија Објавено на: December 23, 2024 На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик t За првпат се случува конференција на...

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...