19.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 23, 2025
ПочетнаМакедонијаНа денешен ден 1987 година Вардар стана шампион на Југославија.

На денешен ден 1987 година Вардар стана шампион на Југославија.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денешниот датум, 14 јуни, е еден од најсветлите во историјата на фудбалскиот клуб Вардар, бидејќи на овој датум во 1987 година, Вардар стана шампион на лигата на поранешна Југославија. Вардар е единствен клуб од Македонија кој успеал во тоа. Тоа беше титула со која беше прославена 40-годишнината од постоењето на клубот.

<

Пред 32 години, на денешниот ден 14 јуни, се одигра последното коло, по кое Вардар остана прв и стана шампион. Во таа сезона, десет тимови во првенството почнаа со минус 6 бодови, врз основа на тогашната одлука на Фудбалскиот сојуз да им бидат одземени поени, поради сомнителните резултати во последното коло од сезоната 1985/86. Подоцна судот ја поништи одлуката, бодовите беа вратени на зелена маса, и титулата му беше дадена на Партизан, но сепак Вардар играше во Купот на европските шампиони како првак на Југославија.

Тогашниот тренер Андон Дончевски истакнуваше амбиции за опстанок, со скриена намера да се обезбеди место во Европа, а на крајот „црвено-црните“ дојдоа и до титулата.

Таа сезона за Вардар настапуваа Тони Савевски, Илија Најдоски, Драган Канатларовски, Дарко Панчев, Љупчо Марковски, Вујадин Станојковиќ, Јовче Џипунов, Бобан Бабунски, Чедомир Јаневски, Момчило Грошев, Милко Симовски, Љупчо Лазаров, Венцислав Симоновски, Мирко Петров, Благоја Тодоровски, Никола Аврамовски, Зоран Трајчевски, Горан Стојановиќ, Николче Филипов, Васил Рингов, Тони Атанасовски, Јовко Бизимовски. Дел од Вардар во есенскиот дел од сезоната беа Слободан Горачинов и Гоце Димовски кои што заминаа во странство во текот на шампионатот.

Екипата беше предводена од тренерот Дончевски, заедно со неговите асистенти Методије Спасовски и Кочо Димитровски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вистински херој од Виница: Бесплатно ќе им поставува клими на настраданите во Кочани

Во време кога солидарноста е најпотребна, Борчо Горѓиев од Виница испрати силна порака на хуманост. Тој понуди бесплатна монтажа на клима уреди за сите...

Ќе те утепам: Објавена снимка како скопјанец брутално ја тепа својата 4 годишна ќерка

28-годишниот скопјанец од Драчево кој ја повредил својата четиригодишна ќерка, заврши во притвор, а мајката на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно беше цел на неуспешен обид за атентат, а овој пат планот вклучуваше полски воен пензионер кој одамна бил регрутиран...

Бочварски: Не е точно дека Филипче вози Ауди Q8, тој има Шкода Супер Б.

Пратеникот Благој Бочварски во поткастот „Претрес“ рече дека партискиот лидер на СДСМ, Венко Филипче, вози „шкода суперб“, со која доаѓа во Собранието како народен...