12.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаПритвор за скопјанецот кој ја претекнувал колоната, обдукција на загинатите во Лепенец

Притвор за скопјанецот кој ја претекнувал колоната, обдукција на загинатите во Лепенец

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје прибира докази за тешката сообраќајна несреќа која се случи завчера на патот Скопје – Блаце, а во која загинаа три лица чии тела вчера попладне беа извадени од реката Лепенец.
По извлекувањето на автомобилот „БМВ“ со косовски регистарски ознаки и трите тела на починатите патници од водите на реката Лепенец ќе биде издадена наредба за обдукција, а јавниот обвинител ги координира сите дејствија со цел обезбедување докази за расчистување на настанот, информираат од Јавното обвинителство.

<

Додека во целост не бидат испитани сите околности и не биде утврдена причината за сообраќајната несреќа, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје вчера достави предлог за определување краткотраен притвор во траење од 48 часа за лицето кое беше задржано по несреќата.

-Станува збор за 64-годишен жител на Скопје кој управувал со автомобил „Фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и кој во критичниот момент ја престигнувал колоната возила во која бил и косовскиот автомобил. Предлогот за определување краткотраен притвор е поднесен бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

На патот Скопје – Блаце завчера во автомобилот „БМВ“ со косовски таблици удрил „Фолксваген туран“ со скопски таблички, по што возилото паднало во реката Лепенец. Во него се возеле четири патници, членови на едно семејство, од кои 21-годишно момче е спасено и однесено во болницата „8 Септември“ во Скопје.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...