6.5 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаЌе одговараат и обвинителите: За Мерко се воделе шест постапки,-Но меѓу нив...

Ќе одговараат и обвинителите: За Мерко се воделе шест постапки,-Но меѓу нив ја немало кривичната за „аудито“

За Мерко се водат шест постапки, одговорност за обвинителите кои потпаднале под влијание, најавува ЈОРМ

Во Јавното обвинителство активни се шест постапки против струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, кој завчера беше ставен на „црната листа“ на САД поради корупција.

Обвинителството денеска излезе со детални информации колку постапки се во тек против него и од она што е објавено за него се водат постапки во струшкото обвинителство и во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Но меѓу нив ја нема кривичната за „аудито“ и други постапки кои беа актуелни во јавноста. Мерко моментално се гони за злоупотреба на службената положба, а има и пријава од Управата за финансиска полиција.

-​1. КО бр. 107/23 кој е заведен по кривична пријава поднесена од повеќе Здруженија на граѓани, за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од КЗ. Пријавата е поднесена на 26.04.2023 година, постапува ОЈО Струга и преема дејствија за проверка на наводите.

2. КО бр. 117/23 заведен во ОЈО Струга против наведеното и уште две други лица за кривични дела по член 353 и член 353-в од КЗ, а по кој има испитани лица и редовно се постапува.

3. КО бр. 121/23 примен во ОЈО Струга на 19.05.2023 година и по кој се проучува пријавата и предистражната постапка е на почеток.

4. КО бр.208/15 отворен по пријава од УФП за кривично дело по чл.353 ст.1,2. и 5 против лицето за кое покажувате интерес и други три лица. Обвинителот што постапува во предметот издал Наредба за вештачење до Бирото за судски вештачења, по доставените наоди во три наврати е побарано дополнување на вештачењето. Предметниот обвинител се уште го чека постапувањето по Наредбата за дополнување издадена во февруари 2020 година.

5. КО бр. 15/22 отворен во ОЈОГОКК​ по кривична пријава од група адвокати против три лица, а во врска со ангажмани за адвокатски услуги, предметот е во предистрага и се постапува по истиот.

6.​ РО 55/19 предмет по анонимна кривична пријава за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување и Измама против наведеното и повеќе други лица, поврзано со експропријација на земјиште во Струга. По слични наводи постапувало и ОЈО Струга и ОЈОГОКК, по што двата предмети се споени, обезбеден е судскиот предмет и дел од списите кои се наведуваат во пријавата. Се наоѓа во фаза на предистражна постапка, се вели во соопштението на Обвинителството.

Од таму дополнуваат дека против Мерко има и затворени предмети во изминативе години, и ќе се проверува постапувањето на обвинителите што ги воделе овие предмети, но и актуелните. Најавуваат одговорност за секој обвинител кој работел неажурно, нестручно и потпаднал под влијание.

-Во текот на изминатите години против лицето се водени и повеќе други постапки по поднесени пријави од различни субјекти и институции. Јавното обвинителство на Република Северна Македонија исклучително сериозно ги зема предвид сознанијата на американскиот Стејт департмент за потенцијално влијание од страна на ова лице врз постапките. Од тие причини, обвинителството итно по секој предмет ќе ја испита законитоста и ажурноста во постапувањата и евентуалното вршење влијание во постапувањето по предметите. За сите обвинители за кои ќе се утврди дека постапувале неажурно, нестручно и потпаднале под влијание ќе се поведе постапка за одговорност, а јавноста ќе биде соодветно информирана, велат од ЈОРМ.

Мерко е прв функционер од ДУИ кој се најде на американската црна листа, а пред македонските правосудни органи се уште нема обвинет или осуден функционер од оваа партија која е 20 години на власт.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...