21.9 C
Ohrid
сабота, јуни 7, 2025
ПочетнаМакедонијаДардишта и другите се враќаат на работа во Комунална хигиена - Скопје

Дардишта и другите се враќаат на работа во Комунална хигиена – Скопје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сојузот на синдикати на Македонија објави дека десетици отпуштени во Комунална хигиена – Скопје, меѓу кои и на таканаречениот фамилијарен клан Дардишта, се враќаат на работа откако Државниот инспекторат за труд донел одлука во нивна полза.
„Ве известуваме дека од страна на Државниот инспекторат за труд по поднесената преставка од вработените во ЈП Комунална хигиена Скопје на кои им беа дадени откази, со обезбедена бесплатна правна помош од СУТКОЗ и ССМ, донесена е Инспекциска мерка со која Менаџментот на ЈП Комунална хигиена Скопје треба да донесе писмен акт со кој ќе ги поништи одлуките за отказ поради тоа што истите се спротивни на закон и колективен договор.

<

Соработката помеѓу ССМ и ДИТ воспоставена на највисоко ниво, дава резултати во интерес на работниците и ССМ ја поздравува брзата реакција на инспекторатот“, објави ССМ.
Група вработени на почетокот на јули не го собираа сметот низ Скопје во знак на револт кон раководството на Комунална Хигиена, бидејќи без никаква причина на десетици нивни колеги не им се продолжени договорите. Меѓу отпуштените од работа, беше и претседателот на Синдикатот на Комунална хигиена, Дели Дардишта. Од Град Скопје и директорката Косана Мазнева беше кажано дека само една група одбивала да работи и со уцени и закони ги попречувале д
Од ССМ очекуваат фрмрдлс Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена Скопје на седницата која ќе се одржи денеска да постапи согласно инспекциската мерка и поднесените приговори од работниците, односно да донесе одлука со која ќе ги поништи отказните решенија и вработените ќе ги врати на работните места.
„СУТКОЗ и ССМ изминатиот период укажуваа дека раководството на Комумална хигиена Скопје треба да го почитува законот и колективните договори и дека постапките кои се преземаат се ништо друго туку реваншизам кон работниците за нивната синдикална борба. ССМ апелира на дијалог помеѓу СУТКОЗ и раководството на Комунална хигиена Скопје“, дополни синдикалната организација.
Градоначалничката Данела Арсовска во своето излегување пред јавноста рече дека мафијашки структури го контролираат претпријатието и дека цели фамилии се вработени во претпријатието.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ема Блажеска и Карина Хил – новите ѕвезди во новиот филм „Охридски Лудории”!

Уште само четири епизоди не делат од премиерата на македонскиот хит-филм Охридски Лудории! Денес успешно заврши уште едно незаборавно снимање, полно со смеа, позитивна...

Таткото на загинатиот тапанар од ДНК до Сиљановска, Мицкоски и Тошковски: Немате срца, бирајте месец но на 16-ти дајте оставки

Таткото на загинатиот тапанар на ДНК Георги Георгиев, на денешниот протестен марш во Кочани упати остри пораки до претседателката Гордана Сиљановска Давкова, до премиерот...

Се огласи мајката на Груби: Те гонат како во комунизмот, ама ќе пропаднат како што пропадна тој систем

Мајката на бегалецот Артан Груби се огласи на ФБ со честитка за роденденот на нејзиниот син. Денес кога твоето отсуство се забележува повеќе од присуството...

Здрав и жив е, да не го мислите: После 6 месеци бегство, Артан Груби се јави на Инстаграм.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој веќе шест месеци е недостапен за македонските институции, денеска се огласи на својот профил на Фејсбук и Инстаграм по...