15.5 C
Ohrid
вторник, април 30, 2024
ПочетнаМакедонијаВие сте искубана кокошка, удавете се во септичката јама во која нѐ...

Вие сте искубана кокошка, удавете се во септичката јама во која нѐ доведовте, ѝ рече Апасиев на власта за уставните измени

spot_imgspot_img

Лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев, укажа дека тој и пратеникот Борислав Крмов нема да учествуваат во материјална расправа за измена на Уставот. Посочи дека ова е „лузерски процес“. На власта и порача дека е искубана кокошка. Според него, оваа генерација нема да дочека Македонија да ја види во ЕУ. За сето ова што се прави со измените на Уставот, ќе има и правни последици. Порача дека во Македонија има Бугари колку да ги собере на концерт на групата „Рибја чорба“. Апасиев беше дециден: „Уставни измени, никогаш нема да има“.

Ова ќе биде единствено излагање по предлогот, бидејќи материјална расправа е безвредна. Вие премиере направивте сметка без крчмар, влеговте во процесот вртоглаво без да обезбедите двотретинско мнозинство. Се што денеска ние зборуваме е обична козметика знаејќи дека влегуваме во лузерски процес. Вие навикнавте, па сакате и нас, македонскиот народ да не научите на порази. Изгубивте 17:2 во овој процес. Независни германски експерти велат дека ова е чудо за бугарската дипломатија. Или што велат антимакедонските кругови во Софија, ова е смрт на македонизмот. Применуваат врз вас салама тактика. Ве сецкаат на парчиња. Или Италијаните имаат една изрека: ‘Кокошка се кубе пердув по пердув’. Дипломатски кажано, жаргонски, вие сте искубана кокошка во споредба со византиската грчка дипломатија или бугарската дипломатија“, рече Апасиев.

Тој им посочи дека немаат гаранции дека во процесот нема да има нови вета.

„Историјата влезе како дел од преговарачката рамка. Наместо да преговараме за копенхашки критериуми, ние ќе преговараме каков бил Цар Самоил, каков бил Гоце Делчев, какво било Илинденското востание. И што е најтрагично, не обезбедивте државнички гаранции дека ќе нема нови вета. И тоа не само од Бугарија која има 35 пати да ни стави вето. Ќе ни стават и други земји. Вие сте недоветни да водите дипломатија и тоа треба да си го прифатите. Или ќе ни стават други земји, ќе ни стави Холандија која латентно е исламофобично и цело време за Западен Балкан става вета. Немате такви гаранции“, додаде Апасиев.

На пратениците од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија им порача да не се лутат кога ќе им се рече СДС бидејќи според него, м“-то е забрането со Преспанскиот договор.

„Вие немате право да се нарекувате Социјалдемократски сојуз на Македонија. „М“-то станува СДС-Михајловистичка. Вие сте предводници на неоврховизмот заедно со бализмот во Владата. Вие не вративте век и пол назад, кога брат со брат се убивал, единот се пишувал Србин, другиот Бугарин, третиот не знам што. Бугарски тајни служби ве работат, вие занемувате пред нив“, додаде Апасиев.

Зборуваше дека ова сѐ ќе има и правни последици.

„Ова не е само така. Ние немаме граѓански концепт на држава, туку етнички концепт, заостанат примитивен концепт. Ние сме поделени на етнички групи. Тие етнички групи имаат колективни права, за разлика од Бугарија кога немаат“, посочи Апасиев.

Според него, не е само Бугарија проблем во ова геополитичко прашање. Тој посочи дека нашата генерација нема да дочека да влезе во ЕУ. Апасиев е дециден дека на ЕУ не и дојдено до проширување.

„Проблем се некои држави во ЕУ кои се против Западен Балкан, кои се латентно исламофобични. Нас не држат како во зоолошка градина. Ние сме опркужени од сите страни со ЕУ, ама не сме во ЕУ. Таму е Босна, Косово, ние, Црна Гора, Србија. ЕУ има криза на лидерство, не знае каде тера. Извесни се ветата на Холандија и Франција. Видете ги проблемите на ЕУ“, додаде Апасиев.

Ги праша пратениците, колку пати треба да се голта пред ЕУ, а со оглед дека имало низа промени кои се направени во Уставот, склучени договори, компромиси – но не и членство.

„Одродени сте. Вие сте недоквакани да водите политика. Немате политичка мудрост“, им порача Апасиев.

Чекорите кои се прават со уставни измени, Апасиев порача: „Удавете се во септичката јама во која нѐ доведовте“.

Порача дека министерот за надворешни работи, во овој историски момент не смее да биде Албанец.

„Се преговара за македонскиот идентитет, ништо не му значи македонскиот идентитет. Тој сонува за друга држава, не за нашата. Етничкото прашање мора да остане во доменот на етничкиот народ кој е доминантен – тоа е македонскиот“, додаде Апасиев.
МакФакс

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Победата е на дофат, да излеземе масовно на избори, заедно да победиме за промени и да го испишеме следното поглавје од приказната за...

Ги слушнавме вашите гласови како одекнуваат низ улиците, одѕвонуваат од желбата за промена и обнова. И денес стојам пред вас, длабоко благодарен од вашата...

Мајката на младата Македонка која доживеа мозочен удар со порака која го кине срцето

Двесет и четири годишната Елена Маџова од Свети Николе лекувањето го продолжи во Турција, откако хуманите граѓани на нејзиниот роден град организираа низа на...

Снежана Михајловска: Имав само 5 години кога бев силув*на, а човекот се вика Борче Трпковски !!!!

Снежана Михајловска во поткастот на Лазаров го кажа со име и презиме човекот кој пред 40 години ја силувал во неговиот дом! Таа имала...

Давкова до Пендаровски: Јас ви го признав резултатот, вие умрете барем машки

Кандидатите за претседатели Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова денеска се соочија во „Претседателска дебата“ на ТВ21. Силјановска Давкова му порача на својот противкандидат, кој...