8.6 C
Ohrid
среда, ноември 6, 2024
ПочетнаМакедонијаДржавата треба да ги плати новите документи на граѓаните- Слободен Печат

Државата треба да ги плати новите документи на граѓаните- Слободен Печат

По ниту една основа граѓаните не се должни да плаќаат за новите документи со новото име на државата – Република Северна Македонија, особено не за личната карта како основен документ за идентификација, затоа што тие веќе си ги прибавиле личните исправи, согласно роковите на важност, реагираат и експерти и Народниот правобранител.

Граѓаните што имаат важечки документи – лична карта, пасош, возачка дозвола, но не само тие – по ниту една основа не се должни да плаќаат за новите документи со новото уставно име на државата – Република Северна Македонија. Особено не за личната карта како основен документ за идентификација, затоа што тие веќе ја исполниле својата граѓанска должност и си ги прибавиле личните исправи, во согласност со поединечните рокови на важност, реагираат и експерти и Народниот правобранител. Според нив, таа обврска треба да ја плати државата.
Голем револт има кај граѓаните затоа што во Скопје нема доволно слободни термини за да се закаже за нова лична карта, па луѓето со денови вртат на броевите од Министерството за внатрешни работи на кои никој не одговара. Немир создава и најавата од Државната изборна комисија дека без важечка лична карта нема да може да се гласа во ситуација кога претседателските избори се очекуваат во март, а прв слободен термин за лична карта во главниот град е декември. Актуелните, важечки, лични карти со старото име Република Македонија, според изјавите на надлежните ќе престанат да важат на 12 февруари 2024 година, без разлика колкава им е важноста на траење, што значи пет години по стапувањето на сила на уставните измени со кои се преименува државата согласно Преспанскиот договор со Грција. Според најавите на надлежните, треба да се сменат пасошите, возачките дозволи, таблиците на возилата, но и договорите на граѓаните со јавните претпријатија!
Народен правобранител: Државата е сервис на граѓаните, а не обратно
Од канцеларијата на Народниот правобранител сметаат дека трошоците за да се извадат новите документи, треба да ги плати државата, ако не сите тогаш барем личната карта, што секој мора да ја има.

– Народниот правобранител уште пред неколку месеци излезе со став дека финансискиот товар за промената на документите што граѓаните се обврзани да ги поседуваат согласно закон, поточно личните карти, треба да паднат на товар на државата и овој став уште еднаш го повторува. Народниот правобранител апелира до Министерството внатрешни работи да ги зголеми капацитетите и да најде модалитети со кои на сите граѓани ќе им се овозможи пристап до закажување термин за менување на документите, процес кој произлегува од Преспанскиот договор – велат од канцеларијата на Народниот правобранител за „Слободен печат“.

Оттаму додаваат дека ова е потребно особено сега, во период кога голем број граѓани што се на привремена работа во странство се вратени во земјата на годишен одмор што го користат и како можност за обнова или за промена на документите, што дополнително создава метеж.

– Државните органи, во овој случај МВР е сервис на граѓаните, а не обратно и од тие причини е упатен овој апел – велат од канцеларијата на Народниот правобранител.

Давитковски: Ова може да падне на Уставен суд
Професорот на Правниот факултет во Скопје Борче Давитковски го оценува како лош овој потег со кој граѓаните плаќаат за наметната обврска.

– Ги поништија личните документи и тие нема да важат по 12 февруари – ова е катастрофа што им се прави сега на граѓаните. Тие се шиканирани од власта. Кога државата го менува Уставот и донесува уставен закон, тогаш е обврска на државата тоа што го наметнува и да го плати, а не да биде обврска на граѓаните. Тие имаат важечки лични карти, како и други важечки документи и нивното менувањето не е должност на граѓаните, туку на државата. Исто е и со локалната власт – кога советот на некоја општина ќе смени име на улица, должност на советот е и да им ја плати промената на документите на жителите на таа улица. Значи, ова вака наметнато е скандалозно – вели Давитковски за „Слободен печат“.
За повеќе детали ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ТУКА- СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Цела Србија на нозе, Вучиќ предлага референдум- Нема да останам претседател ако ја немам поддршката од народот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во емисијата „Кирилица“ на телевизија „Хепи“ изјави дека оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ е...

Почина 27 годишно момче при извршување градежни работи во Скопје !!!

Во СВР-Скопје било пријавено дека при извршување градежни работи на објект во изградба на подрачјето на Центар, со тешки телесни повреди се здобил Л.Ш.(27)...

Наставник со пластичен предмет нападнал ученик во училиште во Охрид

Вчера во 10:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека наставник во едно основно училиште во Охрид, со пластичен предмет нападнал ученик во училиштето. Се...

Тешка несреќа на патот Кавадарци – Росоман: Едно лице загина!

Една лице загинало, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа која се случила утрово околу 9 часот, на патот од Кавадарци кон Росоман,...