7.9 C
Ohrid
среда, ноември 6, 2024
ПочетнаСветПолицаецот Блажо на радар го фатил војничкиот другар со кој се немал...

Полицаецот Блажо на радар го фатил војничкиот другар со кој се немал видено 30 години, па му ја платил казната

Полицаецот Блажо Јеремиќ додека патролирал на патиштата низ Црна Гора, на радар го фатил својот стар пријател од војска, Драган Радаковиќ како вози пребрзо. Кога го препознал му ја платил казната.

Добивај вести на вибер>
„Ме препозна од прва“, рече Блажо и додаде дека не му дозволил на Драган да ја плати казната.

„Ја платив јас затоа што кај нас радарот не простува“, рече полицаецот и објасни дека го фатил Драган на 12 август додека патролирал на патот од Бијело Поље кон Добраков.

Двајцата се немале видено речиси три децении. Последен пат биле заедно во 1996 година кога служеле воен рок во Бела Црква. Поранешните припадници на ЈНА ја искористија можноста, да се поздрават и да го овековечат моментот со фотографија.

Драган е потпретседател на фудбалскиот клуб Јединство од Банатски Караѓорѓев. Рече дека го препознал пријател на прв поглед, а потоа се уверил и кога му го прочитал името на униформата.

„Беше сабота околу пладне. На излегување од Бијело Поље кон Добраков малку ја зголемив брзината, бидејќи брзав да стигнам до Влајковац. Тогаш ме запре Блажо. На униформата му го пишуваше името и презиме. Веднаш се гушнавме и се присетивме на моменти од војската“, раскажа Драган.

Воените денови беа одамна, но Радаковиќ и денес многу добро ги памети.

„Тоа беше многу одамна, во март 1996 година. Дојдов во касарната каде што беше Блажо кој ме пречека со формуларот за регистрација. Блажо беше соученик со мојот кум кој му рече дека ќе се грижи за мене и ќе ме чува. И така беше. Можам да кажам само убаво работи за тој човек. Нашата дружба во војската ќе ја паметиме долго“, рече Радаковиќ.

Додаде и дека бил во контакт со Блаж, но преку социјалните мрежи и дека ова била нивна прва лична средба по 27 години.

„Кога и да одам на море во Црна Гора, застанувам да видам дали има патрола и да видам дали Блажо е на смена. Но, никогаш порано не сме се сретнале во Црна Гора. Ова беше трогателна средба. И на двајцата ни трепереа гласови од среќа“, додаде Драган.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Цела Србија на нозе, Вучиќ предлага референдум- Нема да останам претседател ако ја немам поддршката од народот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во емисијата „Кирилица“ на телевизија „Хепи“ изјави дека оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ е...

Почина 27 годишно момче при извршување градежни работи во Скопје !!!

Во СВР-Скопје било пријавено дека при извршување градежни работи на објект во изградба на подрачјето на Центар, со тешки телесни повреди се здобил Л.Ш.(27)...

Наставник со пластичен предмет нападнал ученик во училиште во Охрид

Вчера во 10:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека наставник во едно основно училиште во Охрид, со пластичен предмет нападнал ученик во училиштето. Се...

Тешка несреќа на патот Кавадарци – Росоман: Едно лице загина!

Една лице загинало, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа која се случила утрово околу 9 часот, на патот од Кавадарци кон Росоман,...