23.9 C
Ohrid
сабота, септември 28, 2024
ПочетнаМакедонијаМаричиќ: Имаме 72 – 73 пратеници за промена на Уставот

Маричиќ: Имаме 72 – 73 пратеници за промена на Уставот

За власта изборите не се решение за процесот на уставни измени и за деблокада на евроинтегративниот пат на земјава. Вицепремиерот Бојан Маричиќ оцени дека изборите би биле дополнителен изговор на опозицијата да не ги гласа измените, односно, според Маричиќ, ВМРО-ДПМНЕ потоа би рекла дека уставните измени не ги ветила во предизборната кампања. Маричиќ оцени дека опозицијата користи стратегија на чекање на подобар предлог, а до тоа би било тешко да се дојде. Затоа, како што додаде, власта наредниве недели ќе продолжи со разубедување на опозициските пратеници.

„Постојат два начина. Едниот начин е ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија да одлучи целосно да даде поддршка под одредени услови, коишто беа разговарани и на лидерската средба којашто се одржа пред два месеци. Вториот начин е дел од пратениците да одлучат да гласаат за овие уставни измени, како што имавме случај пред пет години за претходните уставни промени. Јас не гледам трет начин“, рече Маричиќ.

Вицепремиерот повтори дека власта е отворена за дијалог, па дури и за предлозите од опозицијата за дополнителни политички изјави од страна на ЕУ, доколку тоа е во согласност со преговарачката рамка. Прашан за тезата од ВМРО-ДПМНЕ дека Европа имала стратегија за разубедување на партијата во поглед на уставните измени, Маричиќ одговори:

„Кажаа дека не се вршат притисоци врз пратениците, за сега, неколку дена подоцна да се излезе со теза дека има некаков план за уништување на ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека е тоа купување време и испраќање пораки кон своите поддржувачи само за да се оправда оваа неоправдлива и неодбранлива позиција на блокада на сопствената држава“, додава Маричиќ.

Маричиќ истакна дека моментот во кој спикерот Талат Џафери ќе закаже продолжение на седницата посветена на потребата за отворање на Уставот, ќе биде индикатор дека власта е блиску до двотретинско мнозинство. Засега, според него, поддршка за отворање на Уставот имало од 72 или 73 пратеници.

Лука Андреев Тв Алсат

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина 31-годишна родилка од Куманово, починала при породување на Одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница во Куманово.

Триесет и едногодишна родилка од Куманово синоќа починала при породување на Одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница во Куманово. Жената, која била во...

Македонката Наташа Соврановски, која беше пријавена за исчезната во Германија, е пронајдена мртва !!!

Македонката Наташа Соврановски, која на 2 септември беше пријавена за исчезната во Германија, е пронајдена мртва, а тамошната полиција истражува дали се работи за...

Бајден и Давкова фатени за рака..

Срдечен поздрав во знак на меѓусебно разбирање и поддршка. Изразив восхит од инспиративните обраќања на претседателот Бајден и неговата сопруга Џил на приемот за шефови...

По кусо боледување, денес почина професор Нестор Огинар, Македонец, професор по англиски јазик и долгогодишен македонски активист, иселеник во Соединетите Американски Држави.

Search... Go to... Македонски весник Илинден – Go to... Почина професор Нестор Огинар македонски активист, иселеник во Соединетите Американски Држави 1947-2024 По кусо боледување, денес почина професор Нестор Огинар,...