9.9 C
Ohrid
петок, мај 17, 2024
ПочетнаМакедонијаМајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката, без потврден...

Мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката, без потврден канцер

Поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, во интервју за ТВ „Клан“ признава дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, но вели дека не се лекувала од рак. Тоа, според Нухи, го дозволил тогашниот медицински директор доктор Нино Васев. Но, Клиниката за онкологија во 2022 година во декември, на прашањата на „Слободен печат“ за оваа пациентка за која интензивно се интересиравме поради дојави од читатели, тврдеше дека била примена таму поради сомнение за карцином. Сосема спротивно на тоа, Нухи вчера во интервјуто кажа дека не се лекувала од рак.

– Беше период на ковид и кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, изјави Нухи.

Клиниката за онкологија никогаш во пандемијата не функционираше како ковид центар ниту во Македонија ниту каде било во светот, затоа што пациентите со канцер сместени на Онкологија имаат компромитиран, слаб имунолошки систем и не е дозволиво да се мешаат со други болни пациенти, најмалку со оние кои имаат ковид, бидејќи тоа за нив може да заврши фатално.

На прашањето дали е можно на мајка му да ѝ биле препишувани лекови за канцер, кои што ги добивал некој друг (фиктивно да биле издавани на име на мајка му, а да завршувале кај друг пациент), Нухи изјави дека не е компетентен да зборува за терапијата.

-Тоа може да го докажат докторите, посочи екс директорот кој отфрли постоење на листа на други членови на неговото семејство лекувани во болницата.

За медицинската сестра која двапати беше фатена со цитостатици во ташна и во автомобил, Нухи кажа дека првата кражба се случила пред тој да биде економски директор и за неа не знаел, а втората кражба била за време на неговото директорување и сестрата А.О. била отпуштена од работа.

Наспроти она кое што го говори Нухи во неговото интервју за ТВ „Клан“, „Слободен печат“ во декември 2022 година од Клиниката за онкологија (каде се интересиравме за случајот на мајката на тогашниот економски директор), доби официјален одговор дека жената била примена „под сомнение за малигна болест поради влошена општа состојба поради која не била во состојба да се направат соодветни иследувања“.

„Затоа прво е примена за супституциона терапија, а потоа се правени останати иследувања. Во регистарот на малигни болести може да се заведе случај како суспектна малигна болест доколку пациентот е во тешка општа здравствена состојба со изразена симптоматологија и неможност да се доиследи. Малигните болести покрај патохистолошката верификација честопати имаат само клиничка и радиографска верификација, доколку пациентот има напреднат стадиум и неговата состојба не дозволува да се направи биопсија или пункција.

Пациентката е примена во пандемија со ковид 19 во тешка општа состојба и е задржана согласно протоколите за здравствена заштита со цел зачувување на животот на пациентката кој во тој момент беше загрозен“, ни одговорија од УКРО на 5 декември 2022 година.

Во тој одговор лекарите на УКРО наведоа:

„Пациентката е примена во релативно лоша општа состојба со тешка анемија, хемоглобин 45. Како лекари на ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија Скопје, во време на пандемија сметаме дека пациентката е згрижена и дадена е соодветна терапија согласно сите протоколи.

Многубројни пациенти со ваква анемија прво примаат терапија потоа се доиследуваат, затоа што ова е критична состојба која до дијагностицирање на болеста може да дојде до влошување на состојбата со хиповолемичен шок, состојба од која пациентите завршуваат летално. Пациентката има два приема на нашата клиника бидејќи по првиот прием испишана е во релативно подобрена општа состојба на домашно лекување и ординирана е терапија во домашни услови. Дадена е препорака за понатамошни иследувања за дијагностицирање на болеста. Пациентката одбивала понатамошнни иследувања и бидејќи повторно настанало влошување на состојбата, повторно била донесена на нашата клиника во тешка општа состојба каде била хоспитализирана и била упатена на понатамошни иследувања и ординирана е останата симптоматска терапија“, посочија од Клиниката. ЗА ПОБЕЌЕ ДЕТАЛИ-ТУКА СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Игор Југ: Еден од „реформаторите“ бараше од мене да го наместам Груевски за 27 април и веднаш да бидам ослободен од затвор!

Уставобранителот Игор Југ во своето гостување во подкастот Претрес кај Кристијан Ландов откри детали за голготата која ја помина откако неправедно беше осуден на...

Османи: И Заев велеше дека нема да прави влада со ДУИ

Стана тренд дека ако правите кампања против ДУИ ќе ја добиете поддршката на македонскиот народ. И Заев велеше дека нема да прави влада со...

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на...

Наскоро во срцето на Дебрца се отвора етно ресторан Бате Боле.

Во срцето на општина Дебрца, поточно во село Лешани наскоро се отвора етно ресторан Бате Боле. Ресторанот се наоѓа до вила Бате Боле која од...