13.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаСобранието го спаси Груевски, му „виси“ само затворот за Плацеви на Водно

Собранието го спаси Груевски, му „виси“ само затворот за Плацеви на Водно

spot_imgspot_img

Изградбата на Белата палата, односно Талир 2, Кинеските автопати односно Траекторија, уривањето на комплексот Космос на Фиат Цаноски, односно ТНТ и Титаник за изборни измами се случаите од кои ќе куртули поранешниот премиер Никола Груевски.

Во овие случаи, тој е обвинет за злоупотреба на службената положба, но сè уште нема правосилни пресуди.

Собранието вчера ги изгласа измените на Кривичниот законик со кои се ублажуваат казните за злоупотреба на службената положба и за злосторничко здружување. По стапувањето во сила, овие дела побрзо застаруваат.

Според досегашниот закон, за овие дела беше предвидена затворска казна од 5 до 20 години, па делата апсолутно застаруваа за 40 години. Со измените, казните за злоупотреба на службената положба се намалуваат до максимум 5 години затвор, па апсолутна застареност настапува за 10 години од извршување на делото. Ако има законски измени, за обвинетите се применуваат оние измени кои се поповолни за нив. Со тоа сите злоупотреби на службената должност пред 2013 година, за кои нема пресуди, се застарени.

Затворските казни над една година, застаруваат за три години по правосилноста, па така Груевски нема да лежи 2 години затвор за набавката на владиниот Мерцедес.

Пресудата од 1,5 години затвор за Насилството во Општина Центар застарува догодина, со оглед на тоа што стана правосилна во 2021.

Единствена казна што му „виси“, ако одлучи да се врати во земјата е правосилната пресуда од 9 години затвор за купувањето на Плацевите на Водно. Сепак, минатиот месец Врховниот суд соопшти дека по барање на адвокатот на Груевски оформил предмет за вонредно преиспитување на правосилната пресуда.

Обвинителството соопшти дека за Организација на насилствата во Собранието од 27 април Груевски ќе биде обвинет кога ќе биде уапсен. За останатите обвинети, Апелација го врати предметот на повторно судење.

Од случаите на СЈО, тој треба да се соочи со обвинение во случајот Талир 1 за незаконско финансирање на партијата. Делото злоупотреба на службената положба ќе му застари, но таму е обвинет и за перење пари.

Срѓан Стојанчов Telma

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...