21.2 C
Ohrid
среда, јули 30, 2025
ПочетнаМакедонијаЗошто Владината УНЕСКО комисија ја блокира градбата на катна гаража во Охрид?!

Зошто Владината УНЕСКО комисија ја блокира градбата на катна гаража во Охрид?!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Нема почеток на градбата на катната гаража во Охрид, бидејќи Националната комисија за УНЕСКО при владата на Македонија во Скопје не дава согласност за градба на овој капитален и од лето во лето за Охрид се повеќе насушно потребен објект, пишува интернет порталот Охрид1.

<

Објектот треба да се гради на паркингот до „Земјоделска задруга Горица“, кој сега претставува паркинг, со ископан асфалт и дупки и депо за контејнери. На просторот нема зеленило и нема дрва. И додека оваа грда слика со години стои „заштитена“ во центарот на Охрид, владината УНЕСКО комисија стои нема и не одговара пред охридската и македонската јавност, што е тоа што се штити на паркингот до земјоделската задруга? Во меѓувреме по социјалните мрежи и низ градот охриѓани се повеќе гласно се прашуваат: Дали комисијата нешто штити, или согласно трендовите во земјава кои станаа секојдневие и овде станува збор за некаков обид за рекет или политичка одлука да се блокира Охрид.

И ова лето Охрид тонеше во сообраќаен хаос, а туристите нерви кинеа додека најдат паркинг за своите автомобили. Центарот на градот во јули и август беше преполн, паркинг се бараше со часови, а проблем да им обезбедат паркинг имаат и издавачите на станови и оние кои изнајмуваат соби и апартмани во строгиот центар и старото градско јадро.

Туризмот во оваа година се врати на ниво поголемо од 2019, што значи дека се рушеле рекорди на посетеност, а секако се уривале и рекорди на барање слободно паркинг место во градот кој беше преполн.

Со децении во Охрид се зборува за градба на катна гаража, и конечно се дојде до готов проект, обезбедени средства за инвестирање и локација која е идеална за ваков објект и која ќе ги реши маките со паркирањето, но од градба на катна гаража засега нема ништо бидејќи таа стои заглавена во бесконечните процедури на владината УНЕСКО комисија која постојано бара корекции и преправки на проектот.

Најпрво комисијата побарала да се измени проектот и приземјето да не располага со деловни простории, а зошто сега проектот стои заглавен во комисиските фиоки во Скопје, одговор нема никој, па дури ни самата комисија од каде не одговараат на нашите прашања поврзани со оваа и со други горливи теми поврзани со нивната работа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот...

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...