16.9 C
Ohrid
петок, јуни 20, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот Орце Ѓорѓиевски со емотивна објава: Алексеј, душо, чичко Орце не те...

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски со емотивна објава: Алексеј, душо, чичко Орце не те остава! Ти ќе живееш!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Првиот човек на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски со емотивна објава која предизвика солзи кај многумина повика на хуманост.

<

Оваа мала душа, се вика Алексеј и има само 3 годинки. Дека е едно од најслатките дечиња говори и сликата која ја гледате во прилог. Тој денес има потреба од нас за да биде жив и здрав и да има безгрижно детство, како сите останати дечиња. Тој го заслужува тоа! За жал, дијагностицирана му е хипоксична енцефалопатија – ретка болест која на мозочето на Алексеј му недостасува кислород и која создава ризик од многу посериозни последици. За да ова златно детенце продолжи да живее, ние сите заедно мора да собереме 19.000 евра за да своето лекување го продолжи во болницата „Лив Хоспитал” во Турција каде што ќе му бидат пресадени матични клетки. Ние сите заедно, во име на хуманоста мора да се сплотиме! – порача градоначалникот Ѓорчиевски.

Тој сподели дека во рамки на Фестивалот на Инклузија кој викендов се организира во општината ќе бидат поставени кутии каде што секој посетител ќе може да даде свој доброволен прилог за лекувањето на Алексеј.

Сподели и телефонски броеви и сметка каде секој хуман граѓанин може да помогне за лекувањето на 3-годишното момченце!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Силно невреме со град и пороен дожд го зафати Охрид – поплавени улици и нарушен сообраќај

Силно невреме проследено со град и обилен дожд го погоди Охрид денес попладне, предизвикувајќи проблеми во сообраќајот и поплави на повеќе улици во градот. Во...

Наместо казна затвор, градоначалникот Мерко треба да плати 10.000 евра, бидејќи незаконски поставувал директори !!!

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко доби парична казна од 10.000 евра за незаконското поставување директори на училиштата во Лабуништа, Радолишта и Подгорци. Судијата Јордан...

Таков каков што сум’’ – aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев

Автобиографијата на Кочо Анѓушев е личен приказ на човек кој влегол во бизнисот пред 20 години со тоа што го слушал и учел од...

Спиеја покрај мене… гушкајќи ги своите училишни чанти. Мислеа дека одат во Лондон.“

Спиеја покрај мене… гушкајќи ги своите училишни чанти. Мислеа дека одат во Лондон.“😢💔 Д-р Џ.П. Џоши се расплака кога се присети на последната ноќ што...