13.9 C
Ohrid
среда, април 2, 2025
ПочетнаМакедонијаБугарија ни нуди помош: Ако Македонија не може да обезбеди нкниги за...

Бугарија ни нуди помош: Ако Македонија не може да обезбеди нкниги за учебниците, тука е Софија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кога Македонија не може да обезбеди учебници за своите ученици, Бугарија е тука да ја пополни дупката. Тие ја користат неспособноста на власта во образованието за да повторно провоцираат и шират ова пропаганда. П атака, бугарот Виктор Стојанов од контроверзната „Фондација Македонија„ се појави на социјалните мрежи со понуда до сите македонски родители на учениците кои се без учебници да му се обратат за да им се обезбедат книги од Бугарија.

<

Фондацијата Македонија е подготвена да купи учебници од Бугарија за секое дете во училиштата во Северна Македонија, бидејќи владата на Ковачевски не обезбедува учебници за децата повеќе од една година.

Го молиме секој родител кој сака на своето дете да му подари учебници од Бугарија – да ни испрати приватна порака.

Загарантирана е анонимноста на сите, пишува на Фејсбук профилот на „Фондација Македонија“ Виктор Стојанов претседателот на Фондација Македонија.

Понудата на Стојанов е целосно неоставрлива и преставува само обид за нова проквокација затоа што е невозможно македонски ученици во македонско училиште да учат од бугарски учебник и тоа по бугарски образовен концепт.

Но тоа не го спречува Стојанов да провоцира. Тој ја користи неспособноста на Владата на Ковачевски. Како и изминатите година така и годинава стартот на учебната година почнува без учебници. Учениците од трето и шесто одделение тргнаа на училиште без учебници, а од останатите одделенија, две книги имаат една нема. Четврта година по ред како власта не може да обезбеди учебници навреме и како и досега така и оваа година се правда дека не е до нив, туку дека останататите не си ја завршиле работата.

Покрај учебници, ланската година истата фондација на Виктор Стојанов нудеше 30 евра за децата да учат курс по Бугарски литературен јазик. Фондацијхата објави дека постои онлајн улиште Свети Наум Преславски со 95 ученици од Македонија.

Од фондацијата велат дека од нивното формирање досега изминале 40.000 километри низ македонските градови и села, да делат и разнесуваат бугарски книги. Тврдат дека досега поделиле 50 тома литература, а имаа за цел од Бугарија да донесат во Македонија дури 10.000 тома.

Фондација Макеоднија освен во Макеоднија шири бугарска пропаганда и во Албанија и на Косово.

Паула Костадиноска Алсат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Татко со неговите двајца синови го извришиле убиството на старецот од Крива Паланка, па го закопале до неговата куќа !!

Полицијата вчера попладне уапси три лица од кривопаланечкото село Луке, двајца синови и нивниот татко. Тие се сомничат за убиство на својот соселанец. -Полициски службеници...

Три лица од кривопаланечко го убиле 84-годишниот дедо кој беше пријавен за исчезнат !!!

Лишени од слобода три лица од кривопаланечко поради извршено кривично дело убиство На 01.04.2025 во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка...

Сајкоски со новото амбуланто возило во Кочани: Ги повикувам и другите компании да донираат.

Ново амбулантно возило со современа опрема за транспорт на болни денеска доби кочанската Општа болница. Донатори се три општествено одговорни компании од Македонија -...

Сопственик на пекара во Нови Пазар гради зграда за самохрани мајки

Сопственикот на пекарницата „Клас“ во Нови Пазар, Сеад Бихорац, познат е по своите хумани дела. Освен што со години им дели бесплатен леб на оние...