11.9 C
Ohrid
сабота, март 29, 2025
ПочетнаМакедонијаМинистерот Лога - Условите во затворите мизерни, неопходна е амнестија

Министерот Лога – Условите во затворите мизерни, неопходна е амнестија

spot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за правда Кренар Лога во затвор Идризово, 14 септември 2023

<

Условите во затворите се мизерни, катастрофални и супстандардни, соопшти Министерството за правда, откако министерот Кренар Лога го посети најголемиот затвор во земјава, Идризово, во близина на Скопје.

„Пренатрупаност, затвореници спијат на под, нема соодветна здравствена заштита, нема соодветни санитарии, искршени кревети, мувлосани ѕидови. Овие услови докажуваат зошто ни е потребен итно закон за амнестија, со кој барем минимално ќе се растоварат капацитетите“, соопшти Министерството за правда.

Министерот за правда го придружувале претседателот на Анкетната комисија за заштита на човековите слободи и права, Халил Снопче и директорот на Управата за извршување на санкции, Јовица Стојановиќ, во присуство на директорот на Идризово, Зоран Јовановски.

Од Министерството бараат поддршка од пратениците за Законот за амнестија.
Новиот предлог закон за амнестија ќе се однесува на околу 250 затвореници од вкупно 2.345 осудени лица кои ги издржуваат затворските казни во сите затвори во земјата, велат од Управата за извршување санкции за Радио Слободна Европа. Според нивните податоци, во македонските затвори има легла за само 2.113 луѓе, а нив се сместени 2.345 осуденици. Дополнително во нив се сместени и над 260 луѓе опфатени со мерката притвор, како и 20 малолетници кои го прекршиле законот.
Радио Слободна Европа

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Родители редовно ургираа за да ги пуштаат нивните малолетни деца во дискотеката ПУЛС во Кочани.

  Скоро две недели по ужасната трагедија во дискотеката “Пулс” во Кочани, каде заврши животот на 59 млади лица, денес во Стадион еден од присутните...

Експлодира лимузината на Путин вредна 330.000 евра.

Познатата лимузина Аурус од официјалната флота на рускиот претседател Владимир Путин експлодираше во Москва, северно од седиштето на ФСБ во Лубјанка. Според извештаите на...

Двајца малолетници од Битола со закани принудувале врснички полово да ги задоволуваат, бидејќи поседувале компромитирачки материјал за нив.

Двајца малолетници од Битола со закани принудувале врснички полово да ги задоволуваат, бидејќи поседувале компромитирачки материјал за нив. Ова го пријавила 37-годишна битолчанка во...

59 стрелци, за 59 наши браќа и сестри од Кочани.

59 плотуни за 59-те жртви во пожарот во Кочани на 5-годишнината од членството во НАТО во касарната „Илинден“ во Скопје. Солидарноста меѓу сојузниците се...