19.2 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаБитолчанката Катерина Јовановска со нејзините вешти раце создава торти и десерти кои...

Битолчанката Катерина Јовановска со нејзините вешти раце создава торти и десерти кои веднаш ќе посакате да ги пробате

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Катерина Јовановска ќе ве инспирира веднаш да се упатите кон вашата кујна.

<

Битолчанката Катерина Јовановска е, основач на YouTube каналот за
готвење “Kate’s Cooking Diaries” кој постои од Јуни 2022год.


Катерина за Шило Магазин ни открива од каде идеата и љубовта токму за оваа професија.

Идеата за започнување со каналот беше на брат ми кој работи како видео
монтажер и постојано ме убедуаше дека се она што го приготвувам може
да го снимаме и објавуваме на YouTube.


Најпрво започнавме со објавување на солени и благи рецепти, а потоа
продолживме само со десерти со цел да се прилагодиме спрема тоа за
кое има поголем интерес.


Десертите пред се гледам да се брзи и лесни за подготовка бидејќи тие
пројавуваат најголем интерес и гледаност.
Состојките кои ги користам се едноставни и лесно достапни за секој да
може да ги приготви, а во самото видео е објаснета целата постапка чекор
по чекор. Исто така да напоменам дека сите видеа се со превод на 67
јазици.
Идеите за подготовка ми се од работи кои сум ги правела порано, дел се
од мајка ми и свекрва ми што правеле, па нешто сум додала и изменила
во истите. Морам да додадам дека најмногу уживам во правењето на
чизкејк кој ми е како препознатлив знак.


Најголеми дегустатори и критичари ми се семејството, пред се сопругот и
брат ми, а потоа и пријателите кои веднаш се тука штом пријавам нов
рецепт.
Исто така многу ми е битна поддршката која ја добивам пред се од
семејството, пријателите и колешките.
Рецептите што ги споделувам ги снимаме претежно за време на
викендите поради другите работни обврски, па потоа во текот на неделата
се работи на видео монтажата, додавање текст и преводи за видеото да е
спремно за објава. Ново видео има секоја сабота но во иднина планот е да
објавуваме барем по 2 видеа во неделата. Моментално каналот има
71000 претплатници и наша цел е да постигниме ниво на голем канал со
уште повеќе претплатници.
Претплатете се на мојот You Tube канал
https://www.youtube.com/@KatesCookingDiaries
и уживајте во рецептите ��

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...